ЗЕМЈОДЕЛИЕ 

Aпел до земјоделците да не се палат стрништа во пресрет на пролетната сеидба

Во пресрет на претстојните земјоделски активности, како и подготовките за пролетната сеидба,  СВР Штип апелира до земјоделците и граѓаните од општините на подрачјето на СВР Штип да ги преземат сите превентивни мерки за заштита од пожари на отворен простор, односно да не ги палат стрништата, отпадоците и меѓите на нивите кои неизгаснати брзо можат да се прошират наоколу, а со тоа да предизвикаат и материјални и други последици од големи размери. Палењето оган на отворен простор е забрането, претставува прекршок каде казната е парична. Санкциите за пожар предизвикан од човечки…

Прочитај повеќе
ЦРНА ХРОНИКА 

Две сообраќајки за 24 часа

Вчера во Кочани се судрија две патнички моторни возила, на улицата Кеј на револуцијата, во непосредна близина на градскиот парк. Практично Ауди со кочански регистарски таблички удрило во мерцедес, кој се движењл пред него. Направена е материјална штета на двете возила, но за среќа повредени нема. Покрај оваа претходниот ден се случила уште една сообраќајка несреќа во која била повредена малолетничка, откако била удрена од автомобил. Имено, на 23.02.2023 во 13.30 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека на ул.„Димитар Влахов“ во Кочани, патничко возило „рено клио“ со кочански…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Работен состанок за справување со дивите депонии на Осоговските планини

Денеска, во салата за состаноци на хотел „Амор“ се одржа работен состанок помеѓу градоначалниците на општините во кои припаѓа територијата на заштитеното подрачје Осоговски Планини, односно градочалникот на Општина Кочани заедно со градоначалниците на општините Макeдонска Каменица, Крива Паланка, Кратово, Пробиштип, претставници од Телото за управување со ЗП „Осоговски Планини“ и претставници од Македонско еколошко друштво. На работната средба беа разгледани проблемите со дивите депонии кои се наоѓаат на заштитеното подрачје Осоговски Планини, изнаоѓање решенија за истите и начини за нивно отстранување.

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Ученици од Крижевци на зимување на Пониква

Осуммина ученички од основно образование од Крижевци, Република Хрватска зимскиот распуст го поминуваат на Спортско-рекреативниот центар Пониква, на Осоговските Планини. Ученичките денеска учествуваа на работилница организирана во ОУ „Малина Попиванова“, каде имаа можност да изработуваат креативни изработки, а воедно остварија средба и со градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папазов, на кого можеа да му ги пренесат впечатоците од престојот на Пониква.  Зимувањето на учениците кое го овозможува Општина Кочани е во рамките на соработката со хрватскиот град Крижевци, воспоставена во средината на осумдесеттите години. Градот Крижевци, пак им овозможува летување…

Прочитај повеќе
Uncategorized 

Известување за јавноста

Гледајки како Македонија се уназадува во изминативе 30тина години и разочаран од функционирањето на политичките субјекти, во ваква идеја за организирање се препознав и решивме да се приклучиме на концептот на граѓански здруженија кои почнаа од Куманово и го формиравме здружението на граѓани  “ЗА НАШЕ КОЧАНИ”.  Целта ни е да ги привлечеме сите луѓе кои сакаат Македонија да ја видат без корупција, економски развиена, со просперитетна младина и се разбира со зачуван идентитет. Ги повикуваме да ни се приклучат сите граѓани, кои сакаат рамо до рамо да ја водиме оваа…

Прочитај повеќе
РЕГИОН 

Проектот изгради здрави навики

На Спортските терени „Покрај Масалница“ во населбата Оризари, ЗГ „Среќни луѓе“ од Кочани, го организира завршниот настан од Проектот „Спорт за здрави навики кај младите во Оризари“. Проектот е дел од „Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 (ReLOaD2)“, финансирана од Европската унија, а спроведувана од Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП). Поддржан кофинансиски од Општина Кочани. Низ проектот продефилираа над 42 учесници, со што е надминат планираниот број од 34 девојчиња и момчиња.На завршниот настан присуствуваа 33 деца, и четири најавија оправдано одсуство. Активностите организирани според…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Склучен меморандум за соработка помеѓу Општина Кочани и Здружението на граѓани „Младите можат“.

Денеска, во просториите на општинската сала на Општина Кочани беше склучен Меморандум за соработка помеѓу Општина Кочани и Здружението на граѓани „Младите можат“. Проектот „Младински локални банки“ има за цел да создаде механизам за соработка помеѓу младите, локалната власт и локалната бизнис заедница, што резултира со општинско финансирање на младински проекти. „Младинската локална банка” на Општина Кочани ќе овозможи на 10 учесници – членови на локалниот одбор на младинската банка да дејствуваат како креатори на промени во нашата заедница.

Прочитај повеќе
ОБРАЗОВАНИЕ 

Одржана средба, социјален дијалог за унапредување на дуалното образование

Денеска се одржа средба, социјален дијалог помеѓу претставници од Општина Кочани, Министерството за образование и наука, Стопанската комора на Македонија, директорите на двете средни училишта во Кочани и претставници од бизнис секторот од Кочани и Виница, со цел консултации на компаниите и средните стручни училишта за унапредување на дуалното образование и креирање квалификуван и стручен кадар кој ќе одговара на потребите на пазарот на трудот. Социјалниот дијалог се реализираше по спроведената анализа која дефинира јасна слика за постојните профили кои ги нудат училиштата, нивната усогласеност со потребите на компаниите и…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

ПРЕТСТАВНИЦИ ОД ОБСЕ ВО ПОСЕТА НА ОПШТИНА КОЧАНИ

Денеска, градоначалникот Љупчо Папазов во општинската сала оствари средба со претставници од ОБСЕ – Ебен Фридман, раководител на отсек за набљудување и Нестани Капанадзе, офицер за набљудување. На остварената средба беа разговарани различни теми, меѓу кои клучните состојби и предзивици со кои се соочува општината, правците во кои ќе се движи општината во периодот кој следува, како и функционирањето на Советот, образованието и комуналните дејности. Претставниците на ОБСЕ на денешната посета истакнаа дека добро ги познаваат состојбите во нашата општина и дека интензивно ја следат работата на Советот на Општина…

Прочитај повеќе
СПОРТ 

„Каменица Саса“ пресилна за „Осогово“

Второлигашот „Каменица Саса“ со 3:1 го победи „Осогово“ на стадионот „Никола Мантов“ во Кочани и покажа квалитативна разлика помеѓу двете натпреварувања. Гостите од Македонска Каменица одиграа сигурно и ефикасно, што е резултат на подобрата физичка и тактичка подготвеност во однос на жолто-сините, кои зад себе имаат нецели две недели тренинзи. По водството од 3:0 на искусните каменичани, младите осоговци преку Љупче Пеов успеаја да постигнат почесен гол. Во секој случај, дуелот против посилен противник му дава одговори на повеќе прашања на шефот на стручниот штаб Тимо Аксентиев, како во одбраната…

Прочитај повеќе