ОБРАЗОВАНИЕ 

Поразително: се отпишале 63 ученици

НАМАЛУВАЊЕТО НА БРОЈОТ НА УЧЕНИИЦИ ЗА 63 ВО ОСНОВНИТЕ И СРЕДНИТЕ УЧИЛИШТА, САМО ЗА ЕДНО ПОЛУГОДИТЕ, Е СВОЕВИДЕН АЛАРМ КОЈ ТРЕБА ДА ГИ ЗАГРИЖИ НАДЛЕЖНИТЕ ВО ДРЖАВАТА. УШТЕ ПОЗАГРИЖУВАЧКИ Е ШТО ТРЕНДОТ НА ПРАЗНЕЊЕ НА УЧИЛИШТАТА И НА ДРЖАВАТА ПРОДОЛЖУВА СО ДРАМАТИЧНА ДИНАМИКА За тоа какви ни се состојбите во државата, најдобро зборува осипувањето на бројот на ученици во основните и средните училишта кое бележи драстични размери. Само за пет месеци, или споредено септември – јануари, бројот на ученици во петте основни и двете средни училишта се намалил за дури…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Исчистени 6000 м2 од коритото на Масалница

Во изминатиот период интензивно се работеше на расчистување и уредување на обраснатото корито со дрвја, трње и треви, на дел од Реката Масалница во централното подрачје на населбата Оризари. Со градежна механизација е исчистен простор од околу 6 илјади квадратни метри со сечење на диво израснати дрвја, вадење длабоки корења, машински ископи, порамнување и уредување на речното корито. Расчистувањето на кејот на Оризарска Река и хортикултурното уредување ќе продолжи и во наредниот период. Изведувач на работите е фирмата „Стоименов“.

Прочитај повеќе
СПОРТ 

Избрани најдобрите во спортот за 2022 г.

Новинарите од локалните медиуми денеска ги избраа најдобрите во спортот во Општина Кочани за 2022 година, а врз основа на пристигнатите пријави од спортски колективи и поединци. Со тајно бодување, за најдобар спортист  на Општина Кочани за 2022 година е избран фудбалерот Тоше Манов од ГФК „Осогово“, со вкупно 22 бода. Втор е каратистот Филип Стојанов од КК „Партизан“ со 19 бода, а трета шахистката Јована Давиткова од Сојузот на училишни спортови со 17 бода. Најдобар клуб е Пинпонгарскиот клуб „Кочани“ со 18 бода, пред ЖФК „Кочани“ со 14 и…

Прочитај повеќе