ВМРО- ДПМНЕ се приклучува кон протестот „ ЗА ЧИСТ ВОЗДУХ„

ОК на ВМРО-ДПМНЕ – Кочани ја користи оваа прилика јавно да ги повика членовите и симпатизери на нашата партија да ја поддржат иницијативата за протест под мотото „ ЗА ЧИСТ ВОЗДУХ„. Последните години, СДСМ ги имаше механизмите на Централната и Локалната власт за да превземе било што во врска со овој проблем, па затоа ги предупредувам да не се фолираат ниту да се правам душегрижници за Кочанскиот воздух. Ние како политичка партија имаме цел работниците да останат на своите работни места, а емисијата на издувни гасови да се контролира.

Почитувани граѓани, кога се работи за нашето здравје, нема место за политика.

ОК на ВМРО-ДПМНЕ – Кочани

Сподели: