ОК ВМРО ДПМНЕ – Кочани: Нови вработувања во администрација во време на рецесија

Додека Република Македонија и официјално е во рецесија, во КЈП,,Водовод”- Кочани во постојан пораст се цената на водата и бројот на вработените!

Наместо рационализација- комуналното претпријатие служи само да испорачува и наплатува огромни сметки од кочанчани а средствата наместо за унапредување на инфраструктурата за жал ги користи за вработување на партиски кадри.

Како за компарација, почетокот на 2017-та година цената на водата е 35,5 денари за физички лица, додека веќе 2020-та е скоро 40 денари, поточно денес 39.92. Од друга страна, ако го гледаме бројот на вработени, во 2017-тата имаме 219 вработени, 2018-229, 2019-227 за да во 2020-тата имаме 232 вработени.

Вчера, од медиумите дознавме дека КЈП,,Водовод” наместо рационализација во светска криза и пандемија, распишува оглас и вработува 7 административци, т.е. партиската војска на Зоран Заев. Едно е сигурно во локалните политики на Комуналното, а тоа се паралелното зголемување на цената на водата со бројот на вработени во време кога граѓаните добиваат удари од сите страни.

Срамота е бре луѓе!

Сподели: