Започна вакцинацијата за лица над 75 години во Кочани

Од денеска, како што беше најавено започна вакцинацијата на граѓаните на Кочани на возраст над 75 години. Граѓаните се вакцинираат со вакцина од производителот АстраЗенека . Од Општа болница со проширена дејност Кочани информираат дека дневно е планирано да се вакцинираат по 50 лица, но не соопштија колкав број на вакцини се пристигнати кај нас.

Повозрасните граѓани кои што ги сретнавме таму, велат дека се чувствуваат безбедно и ја препорачуваат вакцината против КОВИД 19 , бидејки според нив тоа е единствениот спас за да се стави крај на ширењето на вирусот.

Пунктот за вакцинација е отворен од 08 ч. до 14:30 ч. од понеделник до петок, а граѓани од утринава ги примија првите дози од вакцината.

Сподели: