Утре , отворен ден за идните средношколци
Во СОУ Љупчо Сантов утре ке се одржи отворен ден за идните средношколци на кој ке бидат презентирани начинот , условите и профилите кои ги нуди кочанската гимназија. На настанот е најавено и присуство на министерката за образование и наука Мила Царовска која ќе ги посети двете средни училишта во Кочани.
Во СОУ Љупчо Сантов, покрај постоечките две струки, гимназиско образование и економски од наредната учебна година идните средношколци ќе имаат можност да се запишат и на профилите бизнис администратор и хемиско-лаборантски техничар кои се дел од новиот концепт на дуално образование.
Учениците кои ќе се запишат во дуалните паралелки ќе бидат стипендирани со сума од 3500 денари за девет месеци во текот на учебната година. Новите паралелките ќе бројат по 25 ученици.
Отворен ден ќе се одржи и во училишниот двор на СОУ Гошо Викентиев каде ќе бидат презентирани струките и профилите за наредната учебна година.