ПРЕСВРТ ВО ЈАВНАТА ПОЛЕМИКА И ЗАКАНИТЕ СО ТУЖБИ НА РЕЛАЦИЈА ОПШТИНА КОЧАНИ – ПРЕТСЕДАТЕЛКА НА ГРИН.ОРГ.КО, АНА СИМИОНОВА.

Откако Ана Симонова јавно и се извини на Општина Кочани, односно на поедини службеници во неа, бидејќи беше под закана за тужба за ширење лажни вести и дезинформации, по големото откритие дека во 2018 година ДИС Енергија ги уплатило средствата за концесијата на Мала Река, сега Симонова бара јавно извинување од Општината. Официјалното барање во писмена форма  е доставено во Општина Кочани, а во него, меѓу другото, се наведува дека доколку нема извинивање, ќе има тужба.

Останува да се види како на ваквото барање на претседателката на Грин.орг.ко ќе изреагира општината, и кој во нејзионо име евентуално ќе го потпиша и објави извинувањето. Но и ќе објасни како тоа Општина Пробиштип на име дозвола за користење на реката добила околу 1.300.000 денари, а Општина Кочани само околу 300.000 денари, или четири до пет пати помалку. И како службите не го забележале приливот на средства во 2018 година, кога е познато дека во општината се води грижа за секој денар.

Инаку, може да се случи интересна ситуација доколку Симионова ја тужи и ја добие на суд Општината, особено од аспект на тоа кој ќе ја понесе одговорноста, но и кој ќе и ја надомести штетата од материјален аспект, која нема да биде симболична, со оглед на неодмерените квалификации и препораки на адреса на претседателката и на Грин.орг.ко.

Сподели: