Нов пожар во боровите насади над градот

Денеска, нешто по 16 часот повторно се појави црна и густа чад од ридовите кон Градче, каде избувнал пожар во кој гори главно сува трева. Огнените чазици имаат зафатено и дел од боровата шума, што пожарот го прави уште попроблематичен за гаснење. И во моментот од конкретната локација се шири густа чад, што значи дека борбата со огнената стихија сеуште не е добиена. Напротив, пожарот се шири по ридовите кон Браната „Градче“, се спушта кон патот и многубројните објекти во клисурата на Кочанска Река, како и кон Филтер станицата. Штотуку дознаваме дека на помош на кочанските пожарникари им дошло едно возило од ТППЕ Виница. Во меѓувреме мирисот на изгорено, чад и остатоци од изгорено се спуштија во градот, поради што не е препорачливо задржување на отворено.

Во меѓувреме, веднаш е алармирана Противпожарната служба, која веќе дејствува во гаснење на истиот.

Сподели: