Кој политизира со „ГФК Осогово“ ?
Почитувани,
ГФК Осогово жали што мора да реагира на еден политички субјект кој политизира врз Кочанскиот бренд Осогово. Ние како клуб секогаш сме и се залагаме за паролата ,, Политиката надвор од Спортот – Спортот на Спортистите ‘’. Новата управа на клубот која раководи еден месец има добиено само 450 000 денари од општина Кочани. Тие средства се изгласани преку Советот на Општината, а истите средства се пуштаат квартално на секои три месеци. Со таа финансиска рамка ГФК Осогово успешно економски менаџира :
-Платeнa котизација кон ФФМ за учество во Втора Лига Исток во износ од 493 600 денари.
-Исплати целосна плата на сите фудбалери, економ, секретар и тренерите во младите категории.
-Управата подмири и две плати на домашните играчи и економот кој беа заостанат долг од претходната управа.
-Исто така се започна постапка за подмирување на затечен долг кон еден угостителски објект.
-Клубот го исплати и побарувањето на ОФС Кочани за да можеме да ги регистрираме сите играчи кои се приклучија кон клубот.
-Санирани се комлетно сите санитарни јазли, решени се техничите проблеми со струјата и теренот е ставен во нормална состојба на игра, бидејќи беше затечен во лоша состојба.
Во иднина приоритет и стратегија ќе бидат младите категории во кои ги вклучивме како тренери реномирани фудбалски имиња : Тоде Митев, Љупчо Симовски – Бела, Доминик Тенев. Клубската транспарентност ја докажуваме преку завршна сметка која се доставува до општина Кочани каде што се врши ревизија на истата и врз основа на тоа се пуштаат наредните средства од општината. ГФК Осогово е отворен за соработка со сите спортски работници кои мислат дека можат да допринесат за развојот на клубот. Клубот не е политички субјект, туку е клуб на сите граѓани на општина Кочани.
Спортски Поздрав, ГФК ОСОГОВО