Одговорност за забавата во ОУ „Раде Кратовче“

Почитувани,

Во петокот, 20.08.2021 година граѓаните на Кочани беа сведоци на организирање на приватна веселба во училишниот двор на ООУ „Раде Кратовче“ на која што голема група на граѓани присуствуваа во време на пандемија и во услови на рестриктивни мерки.

Оттука произлегува прашањето кој им дозволи на организаторите во време кога на невакцинираните граѓани им се ускратени правата за посета на молови, кафеани, кафичи, настани и поголеми јавни собири да направат ваква приватна веселба.

Дали присутните некој ги контролирал дали се вакцинирани, а и доколку има, кој ги контролирал, дали е воспоставена редарска служба за проверка на сертификати и спроведување на редот?

Од друга страна нè интересира дали институциите ќе постапат согласно Кривичниот законик затоа што повеќе од сигурно постои основано сомнение дека е сторено кривично дело ʺЗлоупотреба на службена положба и овластувањеʺ член 353 од страна на директорот на образовната установа.

Ги охрабруваме сите надлежни институции (Градоначалник, ДПИ, Обвинителство) да постапат согласно позитивните прописи за конечно хаосот да престане во училиштата.

Со почит,

Комисија за образование и наука на ВМРО ДПМНЕ при ОК Кочани

Сподели: