ОО на СДСМ со одговор на прес конференцијата на ОК ВМРО-ДПМНЕ – Кочани

Почитувани сограѓани,
На неодамнешната прес-конференција ВМРО-ДПМНЕ изнесоа лаги, бескрупулозно трудејќи се да ја оцрнат работата на ПИОСМ Филијала Кочани.

Почитувани, апсолутна лага е дека луѓето кои цел живот работат, ќе останат без леб со месеци. Институцијата има назначено раководител и работата тече непрекинато. 

Фондот за пензиско и инвалидско осигурување во Кочани функционира беспрекорно, без никаков застој, а со девалвирање на вработени кои со години му служат на народот, самите тие докажуваат дека влегуваат во црна, безидејна предизборна кампања.
Нехумано и нечовечки е да се злоупотребува името на вработени кои со години им служи на сите граѓани без разлика на нивна партиска определба. Нечесно и бесрамно е да се злоупотребува правото на користење на годишен одмор, посебно кога станува збор за специфична здравствена ситуација на близок член во фамилијата.

ВМРО-ДПМНЕ никако не може да се помири со професионалното и независно функционирање на институциите. Сметајќи ги државните институции за нивна приватна сопственост, со масовна партизација и притисоци врз вработените во администрацијата создадоа партизирани институции во кои граѓаните не успеаваа да добијат професонален однос и навремени услуги.

Таквиот однос кон институциите и граѓаните заврши со нивното заминување во опозиција. Сите граѓани имаат еднаков пристап до вработувања и за сите важат еднакви правила и критериуми, а сите вработени сносат еднаква одговорност.

Со почит,
ОО на СДСМ Кочани

Сподели: