Прес конференција на ОК на ВМРО-ДПМЕ Кочани
Почитувани,
Николчо Илијев иако навидум сите не лажеше за тоа дека не сака да учествува во трка за втор мандат, овие денови е официјално промовиран од СДСМ. Неговата конекција со СДСМ не е многу силна, но затоа неговата врска со Заев е огромна. Тоа е личен сојуз на двајца транзициони олигарси.
Сличноста е голема, гледајќи од повеќе аспекти. Двајцата ја искористија транзицијата да направат огромно лично богатсво за сметка на народот. Исто така ги изедначува и желбата за контрола на градежни дозволи, фабриките за марихуана и злоупотреба на позиција власт, за отварање на приватни објекти. Изгледаат наивно, манипулираат со граѓаните, а целите секогаш се лукративни. Недостатокот на странски инвестиции, отварање на нови работни места и реализирање на капитални објекти, Илијев се труди по секоја цена да ги покрие со аматерска инфраструктура. Пример за ова е градежната евтина козметика која се случува на градот Кочани, непосредно пред изборието. Градот се наполни со нефунционални, неправилно изградени и смешни кружни текови. Гледаме неспособност во справување со предизвици од безбедносен и егзистенцијален домен. Стандардот на граѓаните е жалосен, Кочанчани се посиромашни од било кога порано.
Почитувани,
ВМРО – ДПМНЕ во минатото покажа и докажа како се води држава и општина. Сетете се на Амфенол, Антура, економскиот раст кој беше реален, надежта која ја имавме дека работите одат на подобро во Кочани и Македонија.
Благодарам.
Претседател на ОК ВМРО – ДПМНЕ, Кочани
Мирче Стојков