Ноќеска по полноќ почувствуван земјотрес во Кочанско – Виничкиот регион

Ноќеска, пола час по полноќ, жителите на Виница, Кочани и околината кои биле будни, можеа да го почувствуваат слабиот земјотрес, кој ја стресе земјата. Епицентарот на земјотресот бил во рамките на епицентралното подрачје Делчево-Берово, во реонот на Општина Виница, а неговата јачина изнесувала 2,4 степени по Рихтер. Тоа значи дека бил со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала, информираат од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Дел од жителите кои во тоа време биле будни, го почувствувале тресењето, поради што некои имале и непреспиена ноќ. Велат дека тресењето кое траело две минути, им предизвикало морници по телото и чувство на страв дека можеби ќе дојде до посилни удари.

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, има свои станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево.

Сподели: