Кампањата почна, жешкото допрва доаѓа

КАМПАЊАТА ЗА ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ И СОВЕТНИЦИ, ЗАПОЧНА. ПРВИОТ ДЕН ГО КАРАКТЕРИЗИРААТ ПРЕС КОНФЕРЕНЦИИ НА ДВАТА БЛОКА ПРЕДВОДЕНИ ОД ВМРО-ДПМНЕ И СДСМ, ДОДЕКА ПОМАЛИТЕ ПАРТИИ ЗАСЕГА НЕ И СЕ ОБРАТИЈА НА ЈАВНОСТА. ОД КАМПАЊСКИТЕ СОДРЖИНИ ПРОТЕКОА ЛЕТОЦИ, ОБЈАВИ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ, РЕКЛАМНИ СПОТОВИ.

Првиот ден од стартот на кампањата за претстојните Локални избори во Општина Кочани ги донесе и првите активности и Прес конференции. Утрово градот осамна со летоци со ликот на Николчо Илијев и обележјата на СДСМ, но со негациска порака за втор мандат. Покрај тоа на фејсбук профилот на Илијев е објавена фотографија и средба со, како што се наведува, „луѓе кои дале придонес за развојот на Кочани ….

На профилот на кандидатот Љупчо Папазов од денеска оди спотот кој практично ја најавува неговата обемна програма во сите сфери.

Во текот на денот прво ВМРО-ДПМНЕ ја одржа првата прес конференција, за неколку часа подоцна со прес да се огласи и СДСМ, на кои ги упатија првите пораки до граѓаните, односно гласачите.

Сепак впечаток е дека првиот ден не ја донесе очекуваната предизборна атмосфера и дека учесниците допрва ќе се загреваат и ќе ги опсипуваат граѓаните со платеното и неплатеното политичко рекламирање, нудејќи ги своите програми, проекти, идеи и ветувања.

Сподели: