Прес конференција на носителот на листа од СДСМ , Томе Солевски

Почитувани сограѓани,
Повеќе од јасно е дека СДСМ ја има најдобрата понуда на домашната политичка сцена. Токму затоа, најдобрите нè поддржуваат, како за кандидат за градоначалник, така и за советничката листа.
Вие одлучувате. Со вашиот глас избирате заедништво и развој, наспроти поделби и заробена држава.
Пред четири години наследивме општини заглавени во долгови, без планови за развој, опустошени. Заедно ставивме крај на режимот и тргнавме да ги консолидираме локалните самоуправи. Позитивните промени се случија насекаде низ државата.
Наместо барок и споменици, изградивме нови улици и патишта, водоводи, канализации, прочистителни станици, градинки, училишта, библиотеки, игралишта.
Заедно градиме економски напредни општини во кои растат платите, пензиите, социјалната помош, се отвораат нови работни места, со јасен план за подобра македонска и европска иднина.
Најдобрата понуда треба да победи за нашите градови и села и нашиот народ да добие најмногу.
Се работеше вредно и напорно, во целосна координираност со централната власт. Таа силна динамика мора да продолжи.
Ве повикуваме да направите споредба и разлика.
Изберете ја најдобрата понуда за вас, за вашето семејство, за нашето место.
Излезете и гласајте за најдоброто за нашата општина.

Ви благодарам,
д-р Томе Солевски
Носител на советничка листа на СДСМ

Сподели: