ИН МЕМОРИАМ: Сашо Лазаров (1968-2021)
Утрово почина Сашо Лазаров – Чапо, кој во деведесетите години од минатиот век беше предводник на Кошаркарскиот клуб „Деликатес Кочани“. Со оваа екипа како капитен, Сашо Лазаров, го освои Купот на Македонија (1995) и трипати играше во финалето од плеј – офот на државното првенство во кошарка.
Сашо Лазоров (1968),својата кошаркарската кариера ја започна во „22 Октомври“ . Неговите квалитети растеа заедно со клубот. Ѕвездените мигови во кариерата Лазаров ги имаше со „Деликатес Кочани“, кога го крена победничкиот пехар во Националниот куп и кога беше еден од најдобрите шутери во тогашната македонска кошаркарска лига.
По завршувањето на кариерата , Лазаров влезе во тренерските води и го оформи КК „Баскет Дино“. Работеше со најмладите категории кошаркари.
Сашо Лазаров почина, но неговото име останува длабоко врежано во кочанската кошарка.