Цената на горивата останува иста

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-95, ЕУРОСУПЕР БС-98, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) остануваат на исто ниво како минатата недела.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,355 ден/кг и ќе изнесува 25,666 ден/кг.

Од 29.9.2020 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 60,50 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС -98 62,50 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 49,50 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 49,50 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 25,666 (денари/килограм)

Сподели: