Во полициска акција во Кочани, затворени три локали. 35 лица немале вакцинален сертификат
Синоќа во Кочани се извршени инспекциски надзори во четири угостителски објекти и едно казино на територијата на градот.
Три објекти се привремено затворени откако пазарната инспекција затекнала 35 лица без сертификат за вакцинација.
Ќе биде поведена прекршочна постапка со издавање прекршочни патни налози. Во еден објект, како што за „Слободен печат“ информираат од Пазарниот инспекторат, затекнати биле гости како пушат цигари и за нив ќе следи прекршочна постапка со издавање прекршочни платни налози. Се очекуваат повеќе информации од МВР за нивниот дел од акцијата.