Клиентелизам или, кого „грее“ топлата вода

ОПОЗИЦИЈАТА ИМ „ЗАШТЕДИ“ НА ОРАНЖЕРИСКИТЕ РАНОГРАДИНАРИ ЗА ДВА МЕСЕЦА 620 000 ДЕНАРИ, ДАЛИ ЗА ЦЕЛА ГОДИНА ЌЕ ИМ СПАСИ 1.471.500 ДЕНАРИ, ПАРИ КОИ ПРЕКУ КЈП ВОДОВОД, ГИ ПЛАЌААТ ГРАЃАНИТЕ?КОГА ДВАТА ПРСТА ОДЛУЧУВААТ, СЕ БОГАТАТ ПОЕДИНЦИ НА СМЕТКА НА СИТЕ ДРУГИ.

Советниците од опозицијата зимава ги одбранија сопствениците на Оранжерии од концесиското зголемување на надоместот за м3 геотермална вода и им заштедија само за два месеца средства во вкупен износ од безмалку 620.000 денари.

Пресметките велат дека на годишно ниво, при очекувани 450.000 м3 фактурирана гтв вода, негативната разлика која наместо на тие што ја користат топлата вода, ќе падне на товар на кјп водовод, ќе изнесува 1.471.500 денари.

Разликата најдобро се гледа преку бројки.Старата цена од 8,74 денари помножена со 450.000 м3 гтв, даваизнос од 3.933.000 денари, а новата од 12,01 денар, помножена со 450.000 м3 гтв значи зголемување на 5.404.500 денари. Тој износ, или разлика, поради интереси на поедини советници, наместо фирмите потрошувачи, ќе мора да го плати концесионерот КЈП Водовод.Нормално од парите што ги собира по основ на комунални услуги од граѓаните. А тие пак се доведени во ситуација да се чувствуваат како удрени со свој камен по своја глава.

Сподели: