Продолжува генералниот штрајк во образованието и градинките

Владата и СОНК не се договорија. Тоа значи дека од утре продолжува штрајкот во образованието и градинките и утре. Од СОНК не прифатија зголемување на платите за 10 проценти со ребалансот на буџетот во мај и јуни, бидејки според нив тоа воопшто не кореспондира со зголемувањето на минималната плата и не е соодветна стимулација за враќање на достоинството. На понудата од Владата не се согласиле над 95 проценти од синдикалние организации.

Покрај Барањето за усогласување на платите по основ на покачување на минималната плата, Советот на СОНК доставил и други барања поврзани со склучување на нови колективни договори, за коишто воопшто не било преговарано соопштија од СОНК.

Членовите на СОНК велат дека им е жал за непријатностите со кои се соочуваат родителите, но уште еднаш ги повикаа на разбирање.

Засега и натаму останува барањето за линеарно зголемување на платите за 18,4 отсто.

Сподели: