Со нови комбајни против палење на сламата

Четири комбајни со вградена сецкалица за сламата добија исто толку земјоделци во оризородниот регион. Клучевите им ги врачија министерот за земјоделие ЉупчоНиколовски, и директорот на Платежна Агенција, Никица Бачовски. За вкупно 25 комбајни со сецкалици можат да конкурираат сите земјоделци кои имаат површини од најмалку 1 хектар со ориз.

Вредност на набавката за комбајните е 32 милиони денари од кои 17.8 милиони денари е кофинансираната сума, обезбедена од програмата за рурален развој, преку мерката „Инвестиции во модернизација на земјоделски стопанства”.

Од министерството најавуваат дека наскоро ќе биде објавен нов јавен повик за набавка на специјални комбајни за ориз во кој за првпат ќе биде вклучена и поддршка за набавка на мобилни сушари за ориз со што дополнително ќе се придонесе оризопроизводителите да ја зголемат ефикасноста при собирање и чување на зрното веднаш по жетвата.

Друг мошне значаен ефект е што оризопроизводителите со новите комбајни нема да имаат потреба да ги палат остатоците од оризова слама, туку со помош на комбајнот ќе ги собираат и сецкаат. На овој начин ќе се влијае на заштитата на животната средина и ќе се избегнат штетите од пожарите.

Сподели: