Младите од Зрновци трчаа во чест на Васе Ангелов

Денеска општина Зрновци беше организатор на првиот урбано ридски крос „Младите трчаат„ во чест на Васе Ангелов. На трката учествуваа над 130 натпрварувачи , а се трчаше по патека долга 2,5 километри, односно од повеќенаменското игралиште „Васе Ангелов„ до манастирот „Св.Тома„ на планината Плачковица.

До целта први стигнаа Дејан Анакиев, Филип Андонов и Ѓорги Саканарски, додека во категоријата деца најбрзи беа Марио Стојанов, Јован Илиев и Славче Станоевски.

Од ЛМС на општина Зрновци истакнаа дека оваа трка догодина ке прерасне во регионална со учество на голем број натпреваруваачи од регионот.

 Целта на денешниот настан е промовирање на спортувањето меѓу младите во Зрновци како и чување на споменот на сограѓаниот Васе Ангелов.

Сподели: