Со зажнејување со срп и вршидба со коњ, продолжена манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз„

Манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз„ годинава се одржа во максимално скратено издание и без вообичаената помпезност и масовност. Со цел да се одржи традицијата се изврши зажнејување на оризот со срп, собирање и врзување на полози и вршидба со коњ, како што се работело пред еден век. На манифестацијата покрај советници од Советот на општина Кочани и претставници од Локалната самоуправа, присуствуваа пратеници од Републичкото Собрание, заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство , Трајан Димковски, Николче Бабовски – Директор на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и друхи гости.

Покрај обраќањето кон присутните , градоначалникот на општина Кочани им додели признанија на најдобриот оризопроизводител помеѓу двата празника Игорчо Ангелот од Грдовци , со произведени 167 илјади килограми ориз, како и на Ванчо Јосифов од Горни Подлог, за придонес во реализацијата на велосипедската прошетка „По патеката на оризот„.

Сподели: