Пожарникарите се надеваат на помалку интервенции во полињата

Со започнувањето на жетвата на оризовата култура, сама по себе се наметнува опасноста од евентуална нова појава на палење на сламата и пошироко опожарување на полињата. Надлежните фактори очекуваат дека проектот „Добра земјоделска пракса- богат биодиверзитет„ ќе ги даде посакуваните ефекти и дека земјоделците нема да ја продолжат старата навика, со што би се постигнале повеќе ефекти. Позитивни реакции стигнуваат и од противпожарната служба, од каде очекуваат драстично намалување на палењето на стрништата и помалку интервенции од нивна страна.

Наместо палење , кое е казниво со закон, целта е сламата како секундарна суровина да се собира и да се искористи во разни производствени процеси, шти ќе донесе нови финансиски ефекти. Покрај тоа , еколошкиот аспект е непроценлив, а не се за занемарување ниту позитивните влијанија врз животинскиот свет, кој инаку е на жесток удар на огнената стихија.

Сподели: