РЕГИОН 

Денеска Амфенол слави 10 години успеси

Амфенол денеска слави на само нему своиствен начин. Заокружена е првата декада од неверојатно успешен развој, кој ја издигна компанијата во самиот врв на македонското стопанство. Во таква атмосфера, продолжуваат и планираните активности кои денеска ќе кулминираат. За 11 часот е закажана забавата за најмалите, со настап на дечињата од КДУ „Павлина Вељанова“ и ОМУ „Ристо Јуруков“. За во 12 часот е закажано обраќањето на директорот Сашко Наков, а потоа доделување на Благодарници и награди на вработени кои наполниле 5 години работа во Амфенол. Одбележувањето на десетгодишнината во вечерните часови…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Се гради пристапен пат кај Цацков Бунар

Во месноста викана Цацков Бунар,во тек е пробивање и тампонирање на пристапен пат со кој за жителите и стопанствениците од тој дел на општината се обезбедува сообраќајна врска со експресниот пат Кочани – Крупиште – Штип. Според проектот, пристапниот пат е со должина од 425 м и ширина од 4 м. Изведувач на работите е „Стојменов“, а средствата во износ од околу 790.000 денари се од општинскиот буџет. Стручните служби од Општина Кочани истакнуваат дека оваа патна релација е времено решение за пристап до експресниот пат, бидејќи Општината изработува урбанистички…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Пензионерите најавуваат порадикални протести

Уште еден во низата протести на пензионерите од Кочани, кои се незадоволни од ниските пензии и игнорантскиот однос на министерството за труд и социјала, се одржа синоќа во Паркот на револуцијата во Кочани. Пензионерите со транспаренти побараа поддршка од Здружението на пензионери, чии членови се, и ги повторија барањата за линеарно зголемување на пензиите од 5000 денари и определување минимална пензија од 18.000 денари. Членот на Иницијативниот одбор, Моне Горгиев, ги информираше пензионерите дека на состанокот во Неготино е договорено формирање Здружение на пензионерите кои протестираат, како и во иднина…

Прочитај повеќе
ОБРАЗОВАНИЕ 

Првачињата од Кочани станаа членови на Детската организација

На свеченоста во Градскиот парк во Кочани, првачињата од основните училишта од Кочани станаа членови на најмасовната меѓународна организација – Детската организација.  Учениците од повисоките одделенија од основните училишта од Кочани на првачињата им приредија забавна програма, посакувајќи им добредојде во Детската организација, а најмалите ученици ги поздрави и градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов.  Традиционално, приемот на децата во Детската организација се реализира првата седмица од октомври, која е прогласена и за Недела на детето во сите држави членки на ООН, а годинава се реализира под мотото „Јас и…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Професори од градежниот факултет ја посетија Станицата за отпадни води

По повод одбележувањето на роденденот и 75-годишнината од основањето на Градежниот факултет во Скопје, актуелни и пензионирани професори, асистенти и студенти, заедно со деканот на Градежниот факултет, проф. д-р Горан Марковски, денеска ја посетија Станицата за третман на отпадни води во Мојанци. Пречистителната станица во Мојанци претставува  еден од поновите капитални проекти во кои Градежниот факултет дал свој придонес. Градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов ги поздрави гостите, кои пак искажаа подготвеност за поддршка на Општина Кочани во реализацијата и на други проекти.

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Величествено зажнејување на оризот во Мојанци

И третиот завршен ден од Манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз“ им приреди убави доживувања, како на гостите, така и на граѓаните на Општина Кочани и регионот, и пред се на жителите на Мојанци, кои беа кадарни да пречекаат амбасадори и претставници на амбасади, како и голем број гости. Традицијата на зажнејувањето и на вршидбата ја видоа стотици гости, некои за прв пат, наградувајќи ги со спонтани аплаузи жетварите во народна носија, кои со српови фаќаа ракатки и правеа снопови, кои потоа се пренесуваат на вршење со коњско трчање во круг…

Прочитај повеќе
Uncategorized СПОРТ 

По првата домашна, прва и гостинска победа

„Осогово“ – „Новаци“ 2:1 полувреме 1:0. Победа која им ги разгали срцата на љубителите на фудбалот во Кочани, токму во време кога сите се посомневаа во можностите на оваа млада и неискусна екипа. Тоа што го започнаа против Беласица, кога ја совладаа со 3:1, „жолто-сини“ го продолжија и против Новаци, борба за секоја топка. „Осогово“ поведе во во 30’ со голот на Драган Паунов, кој го искористи одличното проигрување од Тоше Манов и биеше присебно и прецизно за голема радост. Половина час подоцна од натпреварот, повторно убав пробив на Тоше…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Бидете дел од дефилето на Деновите на оризот

Во рамките на манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз 2023“, на 30 септември, со почеток од 17 ч., во централното подрачје на Кочани ќе се одржи Празнично дефиле, на кое ќе можат да се претстават јавни институции, приватни фирми, здруженија на граѓани и физички лица. Општина Кочани, како организатор на манифестацијата,  ќе им овозможи на учесниците во дефилето два начина на претставување: со дефилирање од Градскиот плоштад по улицата „Маршал Тито“ до Паркот на Револуцијата, и со прикажување краток перформанс на крајот на движењето, на сцена во Градскиот парк. За да биде…

Прочитај повеќе
СПОРТ 

На Пониква – втор меѓународен ролер-ски натпревар 

На 13 и 14 септември, на Пониква се одржа Вториот меѓународен ФИС ролер-ски натпревар. Скијачката федерација на Македонија, со поддршка на Општина Кочани  денеска во ресортот „Магнолија“ ги додели наградите на најуспешните натпреварувачи.  Во оваа дисциплина во нордиското скијање годинава учествуваа натпреварувачи од Македонија, Србија, Грција и Унгарија.  Од лани, овој натпревар влезе во календарот на Скијачката федерација, што дава нови можности за развој на спортскиот туризам на Осоговските Планини.

Прочитај повеќе
КУЛТУРА 

ФА „Љупчо Сантов“ перфектен во Црна Гора

Фолклорниот Ансамбл Љупчо Сантов од Оризари од 23-ти до 27-ми учествуваше на III-от Меѓународен детски фолклорен фестивал „Коло Без Граница“ во Тиват, Црна Гора, како единствени претставници од Македонија. За време на фестивалот младите фолклористи остварија бројни атрактивни активности кои ќе ги паметат цел живот:На  24-ти август имаа дефиле и настап во Порто Монтенегро, а потоа слободно време за плажа на прекрасниот јадрански брег,На 25-ти август беше организиран прием кај градоначалникот на општина Тиват, потоа учество на Игрите без граница, каде што беа прогласени за најдобри и добија пехар. Како…

Прочитај повеќе