Uncategorized 

Реакција од градоначалникот Љупчо Папазов на соопштението на ОО на СДСМ Кочани

Почитувани сограѓани, Како градоначалник на овој град, со оглед на мојата одговорна и чесна работа, преку отчетот за првите 100 дена ги информирав партиските челници, граѓаните и целата македонска јавност која можеше настанот да го следи со директен пренос во живо. За информирање на јавноста, изборите завршија на 31.10.2021 година и тогаш беа поразени политиките на претходната власт.Со преземањето на функцијата Градоначалник на ден 09.11.2021 година, затеков салдо на сметката на основниот буџет од 8,559,000 денари и обврски за склучени договори меѓу кои реконструкција на Градскиот Парк и реконструкција на…

Прочитај повеќе
Uncategorized 

Во полициска акција во Кочани, затворени три локали. 35 лица немале вакцинален сертификат

Синоќа во Кочани се извршени инспекциски надзори во четири угостителски објекти и едно казино на територијата на градот. Три објекти се привремено затворени откако пазарната инспекција затекнала 35 лица без сертификат за вакцинација. Ќе биде поведена прекршочна постапка со издавање прекршочни патни налози. Во еден објект, како што за „Слободен печат“ информираат од Пазарниот инспекторат, затекнати биле гости како пушат цигари и за нив ќе следи прекршочна постапка со издавање прекршочни платни налози. Се очекуваат повеќе информации од МВР за нивниот дел од акцијата.

Прочитај повеќе
Uncategorized 

ИН МЕМОРИАМ: Сашо Лазаров (1968-2021)

Утрово почина Сашо Лазаров – Чапо, кој во деведесетите години од минатиот век беше предводник на Кошаркарскиот клуб „Деликатес Кочани“. Со оваа екипа како капитен, Сашо Лазаров, го освои Купот на Македонија (1995) и трипати играше во финалето од плеј – офот на државното првенство во кошарка.Сашо Лазоров (1968),својата кошаркарската кариера ја започна во „22 Октомври“ . Неговите квалитети растеа заедно со клубот. Ѕвездените мигови во кариерата Лазаров ги имаше со „Деликатес Кочани“, кога го крена победничкиот пехар во Националниот куп и кога беше еден од најдобрите шутери во тогашната…

Прочитај повеќе
Uncategorized ОПШТИНА КОЧАНИ 

Бугарскиот амбасадор Ангел Ангелов на средба со градоначалникот Љупчо Папазов

Амбасадорот на Република Бугарија Ангел Ангелов, заедно со неговата сопруга Билјана Ангелова и дел од тимот на Бугарската амбасада, денес беше во посета на Општина Кочани и оствари средба со градоначалникот Љупчо Папазов. Заедно со амбасадорот Ангелов беше присутен  и Петар Петров, прв секретар на Бугарската амбасада. Денешната средба им овозможи на градоначалникот Љупчо Папазов и Бугарскиот амбасадор Ангел Ангелов да ги продолжат пријателските соработки и со тоа да се придонесат што повеќе успеси и нови проекти за Општина Кочани. Беа споменати сите досегашни спроведени проекти преку програмите за прекугранична…

Прочитај повеќе
Uncategorized 

Како Општината „дели“ информации?

Узурпацијата на иформациите на релација Општина Кочани – Канал 8 Телевизија, денеска наликуваше на ршомонијада, која предизвика комична ситуација во јавноста, што се манифестираше со дезинформациии и деманти. Временскиот тајминг на пласирање на информацијата, или демантот, од Сообраќајната инспекција, преку меил комуникација е пласирана во 15.57 минути. Меѓутоа На ТВ Кочани и е испратена дури во 18.31 часот, кога практично завршија вестите на Канал 8, на кои беше емитувана. Значи, Канал 8 ја добил најмалку еден час, а можеби два или три часа, порано. Другите медиуми не добија демант, туку…

Прочитај повеќе
Uncategorized 

Тридневна жалост во Македонија

Владата на Република Северна Македонија, на денешната седница донесе одлука за прогласување на ТРИДНЕВНА национална жалост поради сообраќајната несреќа во која во Бугарија смртно страдаа 46 македонски државјани.

Прочитај повеќе
Uncategorized 

8 милиони денари од општинскиот буџет наменети за кампањата на Папазов?!

Дали со 8-те милиони исплатени за камати за превоз од 2012 до 2017 година се финансираше кампањата на Градоначалникот Љупчо Папазов! На втората седница на Советот на Општина Кочани, советниците фатени во магла и непознавање, изгласаа контроверзна одлука со која овозможија на превозникот Авто Атом да му се исплатат 8 милиони денари по основ камата за превоз на ученици за период од 2012 до 2017 година. Можеби сѐ ќе беше нормално и прифатливо за јавноста, доколку овој превоз не се одвиваше по цени 4 до 5 пати повисоки од редовните кога за…

Прочитај повеќе
Uncategorized 

ОО на СДСМ Кочани : ДПМНЕ ПОВТОРНО СО СВОЈОТ ЛАЖЕН ПАТРИОТИЗАМ И ЛИЦЕМЕРИЕ

Почитувани, Денес, на првата конститутивна седница на Советот на Општина Кочани претставниците на ДПМНЕ и нивните поддржувачи уште еднаш си го докажаа својот лицемерен и противдржавнички став. Откако ги прифатија уверенијата од ДИК со уставното име Република Северна Македонија, решија да создадат тензии и непотребно да ја одложуваат работата на Советот за која воедно и ги следува месечен паушал. Свеченото давање на заклетва, а притоа да се прецртува името на државата е против Уставот. Како највисок правен акт, сите закони и прописи мора да бидат усогласени со него. Искрено, се надеваме дека…

Прочитај повеќе
Uncategorized 

Ноќеска по полноќ почувствуван земјотрес во Кочанско – Виничкиот регион

Ноќеска, пола час по полноќ, жителите на Виница, Кочани и околината кои биле будни, можеа да го почувствуваат слабиот земјотрес, кој ја стресе земјата. Епицентарот на земјотресот бил во рамките на епицентралното подрачје Делчево-Берово, во реонот на Општина Виница, а неговата јачина изнесувала 2,4 степени по Рихтер. Тоа значи дека бил со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала, информираат од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Дел од жителите кои во тоа време биле будни, го почувствувале тресењето, поради што некои имале и непреспиена ноќ. Велат дека…

Прочитај повеќе
Uncategorized ПОЛИТИКА 

СДСМ соопшти: Николчо Илијев е кандидатот за Кочани

Денеска конечно СДСМ го соопшти тоа што сите во Кочани го знаеја и очекуваа. Актуелниот градоначалник, „Николчо Илиев, ќе се бори за втор мандат како кандидат на коалицијата „Најдоброто за мојата општина“.“. Кандидатурата СДСМ ја аргументираше со – „Со бројните реализирани проекти, со големата поддршка од граѓаните и членството, Илиев е најдобрата понуда за Кочани и за следните четири години. Кочани мора да продолжи да се развива и напредува, а тоа е возможно само со Илиев и СДСМ на чело на општината“. Во меѓувреме, ден-два пред официјализирањето, Илијев, а не Илиев, ја активираше својата фејсбук предизборна…

Прочитај повеќе