МАКЕДОНИЈА 

Лани искоцкани 800 милиони евра

Неверојатни 800 милиони евра оставиле граѓаните во нашата сиромашна држава на разни игри на среќа, народски кажано, на коцка во текот на 2023 година. Имено, толкави пари инкасирале 58-те правни субјекти кои се занимавале со коцкање и обложување. Притоа, компаниите кои се занимаваат со оваа дејност, имале чиста добивка од 70,4 милиони евра, што за држава и граѓани со мала финансиска моќ, е извонреден профит. Не се знае колку пари се изнесени од државата и искоцкани низ балканот и пошироко. Инаку, во оваа дејност со обложување и игри на среќа…

Прочитај повеќе
МАКЕДОНИЈА 

Најголеми Велигденски попусти во „РИВЕРСОФТ“ Кочани

Почувствувајте ја среќата на Велигденските празници. Бидете и вие дел големиот и единствен забавен шопинг во „РИВЕРСОФТ“- Кочани. Само од 15 април до 4 мај, пониски цени од сите, на најмоќните брендови кај нас. Одберете парче бела техника, телевизор, лаптоп, десктоп компјутер, компјутерска галантерија, инвертер клима, мобилен телефон, таблет, паметен часовник, мали кујнски апарати, велосипеди или мотори и добијте дополнителен екстра попуст на каса. „РИВЕРСОФТ“- Кочани нуди најпрофесионални решенија за вашите потреби. Купувајте со леснотија, „РИВЕРСОФТ“, е чекор напред со технологијата.

Прочитај повеќе
МАКЕДОНИЈА 

Кочанските роботичари – апсолутни победници

Членовите на едукативниот центар СТЕМ роботика од Кочани ги освои првите места и во двете категории, млади роботичари од 6 до 10 години, и од 10 до 16 години, на шестиот државен натпревар по роботика, чиј домаќин беше градот Штип. Кочанските роботичари се прогласени за апсолутни победници во конкуренција на 180 свои врсници од 22 екипи од повеќе градови во дрзавата. Повозрасната екипа на кочанскиот едукативен центар СТЕМ роботика со освоеното прво место се стекна со право да учествува на светскиот шампионат по роботика што од 7 до 9 јуни…

Прочитај повеќе
МАКЕДОНИЈА 

А бре македонче: заокружи се Албанец, добиј вработување

И покрај повиците од сите страни за демократски и фер избори, без поткуп, партиски вработувања и други аномалии, во реалноста се случуваат чудни појави кои ги запрепастуваат граѓаните. Деновиве се спроведуваат интензивни кампањи за вработувања во јавните претпријатија, институции и организации, без да се води сметка за стручност, соодветност и квалитет на кадарот. Сепак тоа што ги фрапира граѓаните е фактот дека многу од вработувањата се реализираат по претходна фиктивна промена на националноста, па така македонците во Кочани се принудени да се пишуваат како албанци, за да добијат решение за…

Прочитај повеќе
МАКЕДОНИЈА 

Пензии или политика, раскол меѓу ИО

Раскол во Иницијативниот одбор на пензионерите организирани под името За достоен живот во Македонија по состанокот одржан во Кавадарци. Откако претседателот на ИО, Драган Угриновски со неколку поддржувачи ја образложил својата политичка амбиција преку партијата на Јанко Бачев, тој и неколку членови, да бидат носители на листи за пратеници, на наредните парламентарни избори, претставниците од општините на пензионерите кои со месеци протестираа, се оградиле од таквата опција и си заминале од Кавадарци. По неуспешниот тензичен состанок со обиди за физичка пресметка, мнозинството од Иницијативниот одбор, кои практично први ги започнаа…

Прочитај повеќе
МАКЕДОНИЈА 

Ваучерите за инвертер клими – за скопјани!?

Граѓаните од Кочани и околината се незадоволни од начинот на доделување ваучери за купување инвертер клими на Министерството за економија, кој деновиве предвреме беше затворен. Некои сеуште бараат како и каде да аплицираат со барање, иако јавниот повик пред два дена е затворен. Тие сметаат дека условите за аплицирање ги фаворизираат граѓаните од Скопје наспроти внатрешноста, кои документите мораше да ги праќаат по пошта. Во Јавниот оглас, кој беше објавен на 31 јануари, не се предвидува количинска распределба на инверетер клими по региони, туку во иста група се Скопскиот, Источниот,…

Прочитај повеќе
МАКЕДОНИЈА 

Граѓански иницијативи: ИСТ СТАЖ-ИСТИ ПЕНЗИИ

До Собранието РМ е доставена граѓанска иницијатива за собирање 150 илјади потписи, што ќе овоможи референдумско изјаснување на оваа тема. Народот да се изјасни дали треба да се донесе закон за државна пензија, според кој сите пензионери со ист стаж ќе имаат исти примања. Референдумското прашање би гласело: „Дали сте за или против донесување на закон за државна пензија со која сите пензионери со ист стаж ќе имаат иста пензија, а пензиите согласно стажот ќе бидат пресметани според табелата дадена во прилог. Предлагачите посочуваат дека висината на државната пензија се…

Прочитај повеќе
МАКЕДОНИЈА 

Наместо Закон и Фонд за медиуми – гаснење

И на истекот на 2023 година, медиумите останаа на маргините на интересот на власта, која и покрај најавите во неколку наврати, не успеа ниту да го стави на дневен ред, ниту да го донесе Законот за медиуми, ниту пак да основа фонд за медиуми, се со цел да ги поддржи и да им создаде какви-такви услови за нормална работа. Наместо тоа законските измени стојат некаде по фиоки, а најавените средства од 5-6 милиони евра, не стигнуваат до тие на кои им се насушно потребни. Како последица на таквата политика низ…

Прочитај повеќе
МАКЕДОНИЈА 

Обука за ловци, елеци, изменет календар …

Една од главните новини во новиот закон за дивеч и ловство, кој е донесен од страна на Собранието на РМ, е задолжителната обука пред полагањето за ловечки испит. Флуоресцентните елеци стануваат задолжителни, а ловот на диви свињи ќе започне уште од 1.мај, но се ограничува бројот на одстрелан дивеч. Според стручњаците, станува збор за рефромски закон со многубројни новости и законско решение усогласено со регулативите на Европската Унија. Со донесувањето на овој закон се излегува од досегашните концесиски рамки, бидејќи дивечот како таков е делумно обновлив ресурс, па во иднина…

Прочитај повеќе
МАКЕДОНИЈА 

И службениците правец странство …

ПО ПРОЦЕСИТЕ НА ЗАМИНУВАЊЕТО НА МЛАДИТЕ ВО СТРАНСТВО, ЗАРАДИ РАБОТА И ПРИСТОЕН ЖИВОТ, СЕГА ВРАБОТЕНИТЕ ОД ЈАВНИОТ СЕКТОР ГИ МЕРКААТ ПРИВАТНИТЕ КОМПАНИИ, ВО ПОТРАГА ПО ПОДОБРИ ПЛАТИ. ТОА ШТО НЕКОГАШ БЕШЕ НЕЗАМИСЛИВО, ОД ОПШТИНСКА АДМИНИСТРАЦИЈА ДА СЕ БЕГА ВО ПРИВАТНА ФИРМА, ДЕНЕСКА СТАНУВА СЕ ПОЧЕСТА ПРАКТИКА. ПРОБЛЕМОТ Е ШТО И ОД ТУКА, МЛАДИТЕ БЕГААТ ВО СТРАНСТВО. Деструктивната политика на Владата на перфиден начин да се ослободи од вишокот администрација и други непроизводствени дејности веќе создава процеси во државата кои различно се одразуваат и доживуваат во јавноста. Од Министерството за труд…

Прочитај повеќе