СПОРТ 

10.000 долари за ЖФК „Кочани“

Фудбалската федерација на Македонија ќе ги поткрепи сите женски фудбалски клубови, членови на Првата фудбалска лига, со по 10.000 долари.Тоа значи дека и ЖФК Кочани ќе добие толкав износ, што значително ќе ја подобри финансиската состојба во клубот, кој годинава е во незавидна ситуација, и кога е во прашање буџетот, и резултатите во првенството. Одлуката ја донесе Управниот одбор и се однесува на сите 15-те клубови кои се дел од нашата прва женска сениорска лига за полесно да го пребродат овој период во време на криза поради пандемијата со Ковид-19.…

Прочитај повеќе
СПОРТ 

„Чешиново 2015“ без „муниција“ и против „Детонит Јуниор“

Во недела се одигра 10-тото коло од треата фудбалска лига Исток во кое „Чешиново“ е поразено од „Детонит Јуниор“ со  0:2, во натпревар во кој стрелците немаа свој ден и не ги искористија многубројните шанси за гол. Во Василево конечно успех на истоимениот клуб, кој ја победи „Тиверија“ со 5:2. Во Лозово „Работник“ претрпе убедлив пораз од „Хоризонт Турново“ со 0:3, а во Раклиш, домашниот „Раклиш“ иако имаше сигурно водство, до крајот на натпреварот „Овче Поле“ направи целосен пресврт и победи со 3:4. Екипата на „Спартмани“ беше немоќна против „Брегалница сениори“ и претрпе пораз…

Прочитај повеќе
СПОРТ 

„Осогово“ ефикасен против Росоман, „Слога 1934“ немоќна против „Брегалница“

Со ефикасното 16 коло од Втората лига Исток, спуштена е завесата на есенската полусезона. Досегашниот дел од првенството го карактеризираат главно очекувани резултати и пласмани, освен пријатното изненадување од Виница, кое долг период се држеше во првите четири-пет екипи. Осогово значитечно го поправи впечатокот во финишот, особено по победите против Победа и Росоман. Штипска Брегалница очекувано ја запоседна лидерската позиција, пред Тиквеш, кој не го издржа притисокот и направи неколку неочекувани киксови, особено оној против Кит Го во Кавадарци. Во последното есенско коло постигнати се следните резултати: „Росоман“ – „Осогово“ …

Прочитај повеќе
СПОРТ 

Дербито в сабота: Ќе се „гине“ за секоја топка

Во сабота на градскиот стадион „Филип Втори“ во Виница, се игра комшиското дерби помеѓу „Слога 1934“ и „Осогово“, кое привлекува големо внимание меѓу љубителите на фудбалот. Прво, затоа што екипата на новиот второлигаш, предводена од шефот на стручниот штаб Крсте Крстев, есенва игра одлично и претставува најпријатното изненадување во првенството. Тоа го потврдува и петата позиција на табелата, со освоени 17 бода. „Осогово“ како да е предодредено на нерешени натпревари, како на свој така и на гостински терен. Без победник, 1:1 заврши и дуелот помеѓу двата противника во првиот круг…

Прочитај повеќе
СПОРТ 

„Слога 1934“ освои бод, „Осогово“ поразено

На петте натпревари од 13 коло во Втората Македонска фудбалска лига – Исток се постигнат вкупно 14 гола, иако два завршија без голови. Во Кочани, ГФК „Осогово“ загуби од штипска „Брегалница“ со 3 : 1, резултат што е постигнат уште во првото полувреме. Штипјани беа надмоќни во текот на целиот натпревар, а резултатски тоа го потврдија со трите постигнати гола во првото полувреме. Во второто фудбалерите на двете екипи одиграа колку да помине времето, бидејќи немаше никаква резултатска неизвесност. „Слога 1934“ оствари мала сензација освојувајќи бод против домаќинот „Кожуф“ во…

Прочитај повеќе
СПОРТ 

Слога победнички, Осогово поразен

Во рамките на 12 коло на Втората фудбалска лига Исток, екипата на Осогово на гостувањето во Кавадарци, претрпе пораз од Тиквеш со 3:1, полувреме 1:1. Осоговци беа рамноправен противник само во првите 45 минути, додека во второто полувреме домаќините со два гола стигнаа до целта, трите бода. Слога 1934 лесно се справи со Плачковица од Радови, екипа која ја победи и на гостувањето. Виничани победија со 3:0, а ако играа посериозно, можеа да постигнат уште некој гол. Еве ги комплетните резултати од 12 коло. Кит Го-Росоман 3:0, Победа – Каменица…

Прочитај повеќе
СПОРТ 

Осогово подобар од Кит Го, Саса од Слога

Осогово во третиот натпревар на свој терен конечно постигна минимална но сосема заслужена победа и прокнижи три значајни бода. Кочанчани го победија мошне солидниот состав на Кит Го, со 1:0, со автогол на еден од гостинските фудбалери.   Второлигашот од Виница, Слога 1934, на гостувањето во М. Каменица, против Каменица Саса, не успеа да направи изненадување, па од градчето на руддарите се враќаат со пораз од 2:0. Во Гевгелија, Кожуф му откина бод на фаворизираниот Тиквеш, одигрувајќи 1:1. Во Радовиш Плачковица немаше шанси против Брегалница, која на крајот славеше со…

Прочитај повеќе
СПОРТ 

За „Осогово“ и „Слога 1934“ по бод

И во вториот натпревар во серија, на свој терен, Осогово не успеа да ги освои трите бода, кои му се потребни за позначаен исчекор во горниот дел на табелата. Осоговци ги поделија бодовите, без постигнат гол и со Кожуф од Гевгелија, екипа која на отворањето на првенството, славеше победа против жолто-сините, и со тогашните три и сегашните два, му одзеде на Осогово пет бода. Натпеварот во Кочани беше под нивото на второлигашки фудбал, без многу осмислени и атрактивни акции и потези, па одтука, поделбата на бодовите е најреален исход. „Слога…

Прочитај повеќе
СПОРТ 

На 5 минути примаа гол

Нов катастрофален пораз на екипата на ЖФК Кочани, која на свој терен загуби од надмоќните гостинки од Струмица со катастрофални 17:0. Тоа значи дека девојчињата на тренерот Јовановски на секои 5 минути примаа по еден гол. Фудбалерките на Тиверија си поигруваа во секој фудбалски смисол со кочанчанки, при што мрежата ја тресеа кога ќе посакаа. Домаќинките немоќни, безидејно, неспремни, само ги броеја головите во сопствената мрежа, без знаење и сила да направат нешто повеќе. Резултати од 10-то коло: Каменица Саса-Скопје 3:0, СЦ Истатов-Плачквица 5:0. Шкупи-Речица 4:2, Борец-Ас Јунајтед 0:4, Атлетико-Топ…

Прочитај повеќе
СПОРТ 

Прв кикс на „Чешиново 2015“ …

Во Трета Фудбалска Лига – Исток, екипата на „Чешиново 2015“ освои само бод против домаќинот „Спартмани“, што претставува изненадување, со оглед на резултатите на чешиновци во претходните четири кола, кога мелеа се пред себе. Но шанса за поправен фудбалерите на тренерот Натков имаат веќе наредниот викенд кога во Чешиново гостува есенва мошне добриот Малеш. Еве ги резултатите од 5-тото коло „Спартмани“ – „Чешиново 2015“  1:1, „Малеш“ – „Работник“  8:0, „Брегалница сениори“ – „Хоризонт Турново“  3:2, „Овче Поле“ – „Детонит“  0:1, „Карбинци“ – „Тиверија“  1:2, и „Раклиш“ – „Василево“  3:2 „Чешиново…

Прочитај повеќе