СПОРТ 

Спортистите заслужуваат новинарски избор

Искрено и аргументирано новинарите на Гласно ја соопштија нивната реакција по повикот на Општина Кочани за изборот на најдобрите спортисти во 2023 година, кој вообичаено се случува кон крајот на првиот месец во годината. Бидејќи, покрај тоа што улогата на избирач е неблагодарна, речиси редовно повлекува различни реакции на колективи и спортисти од различни спортови. На позитивните им се радуваме, од негативните сме револтирани. Иако секој објективен треба да има целосно разбирање за искажаниот став во однос на изземањето од манифестацијата, сепак потребно е да се имаат во предвид неколку…

Прочитај повеќе
СПОРТ 

Борачите на „Спартак“ домаќини на Папазов

Градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов денеска оствари средба со претставници на Борачкиот клуб „Спартак“ од Кочани. Активни борачи од различни генерации на „Спартак“ и членови на клупското раководство, на средбата со градоначалникот ги претставија активностите, резултатите и освоените награди и признанија во годинава што изминува. Борачкиот клуб „Спартак“ му се заблагодари на градоначалникот Папазов, истакнувајќи го значењето на поддршката што ја дава Општина Кочани во спортските успеси на борачите.

Прочитај повеќе
СПОРТ 

ОФС Кочани додели фудбалски топки за Трета фудбалска лига-Исток

Во просториите на ОФС-Кочани председателот Александар Андов, секретарот Столе Тошев и спортскиот работник Драганчо Димитровски како членови на сојузот кој ја предводи Третата фудбалска лига Исток на екипите од Третата фудбалска лига Исток им доделивме по 20 (дваесет) фудбалски топки се со цел да им помогнеме на екипите кои се натпреваруваат во сезоната 2023/24 во ТФЛИ. Голема благодарност до Фудбалска Федерација на Македонија што ни го одобри барањето и со ова покажа дека се грижи за сите свои членки поденакво.

Прочитај повеќе
Uncategorized СПОРТ 

По првата домашна, прва и гостинска победа

„Осогово“ – „Новаци“ 2:1 полувреме 1:0. Победа која им ги разгали срцата на љубителите на фудбалот во Кочани, токму во време кога сите се посомневаа во можностите на оваа млада и неискусна екипа. Тоа што го започнаа против Беласица, кога ја совладаа со 3:1, „жолто-сини“ го продолжија и против Новаци, борба за секоја топка. „Осогово“ поведе во во 30’ со голот на Драган Паунов, кој го искористи одличното проигрување од Тоше Манов и биеше присебно и прецизно за голема радост. Половина час подоцна од натпреварот, повторно убав пробив на Тоше…

Прочитај повеќе
СПОРТ 

На Пониква – втор меѓународен ролер-ски натпревар 

На 13 и 14 септември, на Пониква се одржа Вториот меѓународен ФИС ролер-ски натпревар. Скијачката федерација на Македонија, со поддршка на Општина Кочани  денеска во ресортот „Магнолија“ ги додели наградите на најуспешните натпреварувачи.  Во оваа дисциплина во нордиското скијање годинава учествуваа натпреварувачи од Македонија, Србија, Грција и Унгарија.  Од лани, овој натпревар влезе во календарот на Скијачката федерација, што дава нови можности за развој на спортскиот туризам на Осоговските Планини.

Прочитај повеќе
СПОРТ 

В сабота, „Осогово“ домаќин на „Беса“

На два дена пред стартот на првенството во единствената втора лига, во таборот на ГФК Осогово“ расте притисокот и атмосферата од првиот сериозн предизвик, гостувањето на Беса на градскиот стадион Никола Мантов во Кочани. Жолто-сините беа во ситуација за триесетина дена да ги мобилизираат сите расположиви сили за што поподготвено да му излезат на мегдан на поискусниот противник, и да се обидат да ја остварат целта, а тоа е освојување на првите три бода во второлигашката конкуренција. Надежите базираат на искуството на новиот шеф на стручниот штаб, но и на…

Прочитај повеќе
СПОРТ 

Во првото коло „Осогово“ домаќин на „Беса“

ГФК „Осогово“ претстојниот викенд нема да игра контролен натпревар, поради откажувањето на екипата на Тетекс, која прво прифатила да гостува во Кочани, а во последен момент побарала жолто-сините да патуваат во градот под Шара. Тоа значи дека наместо натпревар, осоговци ќе одработат тренинзи со цел воигрување на екипата. Денеска се извлечени и двојките за првото есенско коло во Втората лига, кое започнува на 12 август, односно наредната сабота. Осогово ќе стартува на свој терен и пред своја публика во дуел против екипата на Беса, која е староседелец меѓу второлигашите.

Прочитај повеќе
СПОРТ 

ГФК „Осогово“ со уште две засилувања

Во пресрет на првенството во Втората лига, раководството на ГФК Осогово е во потрага по засилувања кои би требало да го подигнат квалитетот на екипата. Деновиве челниците на клубот успеаја да се договорат со искусниот голман Ѓоре Јовановски и дефанзивецот Борче Ужевски, кои веќе им се приклучија на жолто-сините. Покрај тоа во тек се преговори со уште тројца фудбалери кои би дошле во таборот на Осогово, но нивните ангажмани засега не се потврдени. Паралелно, екипата одржува засилени тренинзи со цел секој поединец подготвено да го пречека стартот на првенството од…

Прочитај повеќе
СПОРТ 

12 екипи на Петровденскиот турнир

В среда, на 28 јуни, во 19 ч., на спортските терени на СОУ „Љупчо Сантов“ ќе се одигра првиот натпревар од овогодишниот Петровденски турнир во мал фудбал. Претставници на  ОФС – Кочани, како директни реализатори на турнирот што го организира Општина Кочани, со ждребување ги утврдија четирите групи од пријавените дванаесет екипи. Според Александар Андов, претседател на ОФС – Кочани, ќе се игра по правилата за футсал и според временските услови. Ќе се избира најдобар играч, стрелец и голман, а најдобрите три екипи ќе добијат 60 илјади, 30 илјади и…

Прочитај повеќе
СПОРТ 

Рокот за Петровденскиот турнир во мал фудбал – до 26.јуни

Општина Кочани како организатор на Петровденскиот турнир во мал фудбал, го продолжува рокот за пријавување на фудбалските екипи до понеделник, 26 јуни 2023 година, кога ќе се одржи и ждребувањето за утврдување на распоредот на екипите учеснички на турнирот.  Екипите се должни при пријавувањето да уплатат котизација од 2 000 денари на сметката на ОФС Кочани – 210041087870107 и да достават име на екипата и список од десет играчи со наполнети 16 години.  Пријавите може да се подигнат од Едношалтерската канцеларија на Општина Кочани  или од официјалната веб-страница  http://www.kocani.gov.mk.  Ждребувањето ќе започне…

Прочитај повеќе