ОБРАЗОВАНИЕ 

Започна новата учебна година -образованието во Кочани го започнуваат 327 првачиња

Вкупно 3 672 ученици денеска ја започнаа новата учебна година во Кочани. Од нив 1 037 се средношколци, а 2 635 се ученици во основно образование. Првиот училиштен ден беше посебно свечен за првачињата, кои годинава се 322. Училиштата создадоа пријатна атмосфера на прозивката пред првиот школски час, а со нив беше и градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов, кој им посака добро здравје и успех во учењето. Директорите на сите училишта ја потврдија подготвеноста за почетокот на учебната година, а за сите првачиња Општина Кочани обезбеди пакет со основен училиштен прибор, одлука…

Прочитај повеќе
ОБРАЗОВАНИЕ 

Ученици од ОУ „Раде Кратовче“ учесници на 16. Меѓународна колонија на анимиран филм во Ниш, Србија

Ученици од ОУ „Раде Кратовче“ – Кочани во периодот од 18 до 22 Јули, беа учесници на 16. Меѓународна колонија на анимиран филм. Станува збор за работилница за цртан филм во скоп на Одделението за книги за деца, Народна библиотека „Стеван Сремац“ во Ниш, Р. Србија, кадешто учениците изработија анимиран филм на хумористичната народна песна „Медведова женидба“. На работилницата освен учесниците од Македонија, учествуваа ученици и од Србија и Република Српска – Босна, под менторство на професори за цртање од Србија, Бугарија и Словачка. Учениците од ОУ „Раде Кратовче“, учесници…

Прочитај повеќе
ОБРАЗОВАНИЕ 

Основните училишта добија 65 нови таблети за настава

Денеска градоначалникот на Општина Кочани изврши примопредавање на 65 таблети наменети за основните училишта од општината, во присуство на директори и вработени од училиштата. Распоредот и бројот на наменетите таблети е изготвен од страна на Министерството за образование и наука, согласно претходно доставените барања до МОН од страна на училиштата. Распределените таблети ќе се користат за реализирање на програмата согласно новата концепција за основно образование, за ученици од ранлива категорија од 4 и 5 одделение, коишто изучуваат дигитални содржини.

Прочитај повеќе
ОБРАЗОВАНИЕ 

ОУ „Малина Попиванова„ реализираше активности од проектот „Цели за одржлив равој за ученици„ финансиран од Еразмус + програмата

Проектот “Цели за одржлив развој за ученици” е проект во рамки на Еразмус+ програмата под кооординаторство на ООУ “Малина Попиванова” од Кочани. Од 11-13.04.2022 год.  учесниците од ООУ “Малина Попиванова” заедно со  учениците од невладината организација “Еко Логик”- Скопје и основното училиште “Дубовац”- Карловац, Хрватска беа во посета на ОУ “Кирил Христов”- Стара Загора, Бугарија. Причина за посетата беше одржувањето на вториот транснационален состанок. На состанокот учесниците ја дискутираа досегашната состојба на проектните активности како и превземањето на следните работни чекори. Домакините од ОУ “Кирил Христов”- Стара Загора, Бугарија се…

Прочитај повеќе
ОБРАЗОВАНИЕ 

СООПШТЕНИЕ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ НА УЧЕНИЦИ ВО ПРВО ОДДЕЛЕНИЕ ВО УЧЕБНАТА 2022/2023 ВО ОСНОВНИТЕ УЧИЛИШТА ВО ОПШТИНА КОЧАНИ

Согласно законот за Основно образование во прво одделение се запишуваат деца родени во 2016 година кои до крајот на календарската година ќе наполнат 6 години и деца родени до 31.01.2017 година по претходно барање на родител и добиено мислење од педагог и психолог. Основното училиште ги опфаќа учениците од својот реон утврден од основачот на основното училиште и истите дополнително ќе достават покана за упис на вашето дете со термин кога треба да се обратите во училиштето. Потребна документација која треба да се понесе при уписот на детето во прво…

Прочитај повеќе
ОБРАЗОВАНИЕ 

Продолжува генералниот штрајк во образованието и градинките

Владата и СОНК не се договорија. Тоа значи дека од утре продолжува штрајкот во образованието и градинките и утре. Од СОНК не прифатија зголемување на платите за 10 проценти со ребалансот на буџетот во мај и јуни, бидејки според нив тоа воопшто не кореспондира со зголемувањето на минималната плата и не е соодветна стимулација за враќање на достоинството. На понудата од Владата не се согласиле над 95 проценти од синдикалние организации. Покрај Барањето за усогласување на платите по основ на покачување на минималната плата, Советот на СОНК доставил и други…

Прочитај повеќе
ОБРАЗОВАНИЕ 

ОМУ „Ристо Јуруков“ со плодни успеси и за време на пандемијата

Музичкото училиште ОМУ,,Ристо Јуруков“ континуирано учествува на државни и меѓународни натпревари и постигнува високи резултати. Успесите на овие ученици беа високи и за време на пандемијата. По тој повод, денеска градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папазов ги посети учениците кои учествуваа на меѓународни и државни натпревари и им подели благодарници со подарок, посакувајќи им уште многу високи достигнувања и истакнувајќи ја поддршката од страна на Локалната самоуправа за нивните активности во иднина. Овие музички локални амбасадори се јадрото на развитокот на културата на локално ниво, кои неуморно работат со помош…

Прочитај повеќе
ОБРАЗОВАНИЕ 

Од утре среднистите со физичко присуство во СОУ „Гошо Викентиев“

ОД УТРЕ УЧЕНИЦИТЕ И ПРОСВЕТНИОТ КАДАР СЕ ВРАЌААТ СО ФИЗИЧКО ПРИСУСТВО ВО УЧИЛНИЦИТЕ И КАБИНЕТИТЕ НА ПРВИОТ КАТ НА СОУ „ГОШО ВИКЕНТИЕВ“. ВО ИЗМИНАТИТЕ ДЕСЕТИНА ДЕКА ЦЕЛОСНО РЕКОНСТРУИРАН КРОВОТ, А СЕ САНИРАНИ И ШТЕТИТЕ НА ПРВИОТ КАТ. Откако на 11 декември дождот наполни со вода повеќе училници и кабинети во СОУ Гошо Викентиев, што предизвика прекин на наставата со физичко присуство на учениците, денеска в.д. директорот Спиро Златков информираше дека првиот кат е оспособен и во него во две смени ќе се организира редовна настава. Практично, во функција се ставени…

Прочитај повеќе
ОБРАЗОВАНИЕ 

Заѕвони ѕвончето за 2633 основци

НА ПРВОТО УЧИЛИШНО ЅВОНО МУ СЕ ИЗРАДУВАА ПРВАЧИЊАТА, КОИ ДЕНЕСКА ГИ ДОБИЈА КОМПЛЕТИТЕ УЧЕБНИЦИ И ЗАЧЕКОРИЈА ВО УЧИЛИШТАТА КОИ ЌЕ БИДАТ НИВНИ ВТОР ДОМ ВО НАРЕДНИТЕ ДЕВЕТ ГОДИНИ. ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ИЛИЈЕВ ВО ОБИКОЛКА НА СИТЕ УЧИЛИШТА, ЗА ДА ИМ ПОСАКА УСПЕШНА УЧЕБНА ГОДИНА НА УЧЕНИЦИТЕ И НА НАСТАВНИЦИТЕ. 307 ученици од новата генерација првачиња денеска за првпат зачекорија во петте основни училишта во Општина Кочани, во кои во наредните девет години ќе растат низ воспитно-образовниот процес. Среќни и тие и родителите, што можат низ физичко присуство и непосреден контакт со учителките…

Прочитај повеќе
ОБРАЗОВАНИЕ 

288 нови среднисти во новата учебна година

ЗАПОЧНУВАЊЕТО НА НОВАТА УЧЕБНА ГОДИНА СО ФИЗИЧКО ПРИСУСТВО НА УЧЕНИЦИТЕ И НАСТАВНИОТ КАДАР Е СВОЕВИДНА ПОБЕДА НАД ПАНДЕМИЈАТА, БИДЕЈЌИ ИМ ГО ВРАЌА ЖИВОТОТ НА УЧИЛИШТАТА ВО ВИСТИНСКА СМИСЛА. ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НИКОЛЧО ИЛИЈЕВ НАПРАВИ ОБИКОЛКА НА ОСНОВНИТЕ И СРЕДНИТЕ УЧИЛИШТА. ГОДИНАВА ВО ДВЕТЕ СРЕДНИ УЧИЛИШТА НАСТАВАТА ЌЕ ЈА СЛЕДАТ 1217 УЧЕНИЦИ, ОД КОИ 288 УЧЕНИЦИ ВО ПРВА ГОДИНА. По една ипол година пандемиско образование, без физичко присуство, денеска учениците и просветниот кадар им се вратија на училиштата, создавајќи ја најубавата можна атмосфера за стекнување нови знаења. Возбудата беше присутна кај сите, поради…

Прочитај повеќе