МАКЕДОНИЈА 

Пензиите од 27.јули до 1-ви август

ДЕЛОВНИТЕ БАНКИ ПОЧНУВАЈЌИ ОД 27 ЈУЛИ ЌЕ ИМ ГИ СТАВАТ НА РАСПОЛАГАЊЕ ПЕНЗИИТЕ НА ПЕНЗИОНЕРИТЕ ЗА МЕСЕЦ ЈУЛИ. ГОТОВИНАТА ЌЕ СЕ ИСПЛАЌА ОД 27 ЈУЛИ ДО 1-ВИ АВГУСТ, ВО ЗАВИСНОСТ ОД ВИСИНАТА НА ПЕНЗИЈАТА. Откако до 26 јули  Фондот за пензиското и инвалидско осигурување ќе ги достави податоците за пензиите до деловните банки, тие почнувајќи од 27. Јули се должни да обезбедат пензионерите да може да располагаат со јунските пензии преку мрежата на банкомати и трговската мрежа. Готовинската исплата на пензиите, за клиентите кои не користат картички, според постигната согласност…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Работен состанок во Центарот за истражување и информирање за животната средина Еко-Свест

Деновиве, градоначалникот Љупчо Папазов оствари работна средба во Центарот за истражување и информирање за животната средина Еко-Свест, со цел разменување мислења и идеи во врска за нови можности за индивидуално и централно греење во Општина Кочани. Меѓународната мрежа СЕЕ Bankwatch Network заедно со Центарот за истражување и информирање за животната средина Еко-Свест како нејзина членка повеќе од 15 години е дел од проектните активности поврзани со енергетскиот сектор и климатските промени, работатa на промовирање и воспоставување одржливи практики за загревање на домаќинствата. Целта на работната средба е воспоставување систем за…

Прочитај повеќе
ЗЕМЈОДЕЛИЕ 

ПРЕКИН НА НАВОДНУВАЊЕТО ПОРАДИ ДЕФЕКТ НА МАГИСТРАЛНИОТ КАНАЛ

ДЕФЕКТОТ НА ДЕСНИОТ МАГИСТРАЛЕН КАНАЛ ОД ВЧЕРА ПРЕДИЗВИКА ЗАСТОЈ ВО НАВОДНУВАЊЕТО НО ИСТОВРЕМЕНО ПРЕДИЗВИКА ПОПЛАВУВАЊЕ И ШТЕТИ КАЈ ЗЕМЈОДЕЛСКИТЕ ПОСЕВИ. ОД ВОДОСТОПАНСТВО УВЕРУВААТ ДЕКА ДЕФЕКТОТ ЌЕ БИДЕ ОТСТРАНЕТ, А ЗА ОШТЕТЕНИТЕ ПОВРШИНИ ЌЕ СЕ ФОРМИРА КОМИСИЈА ЗА ПРОЦЕНКА. ДОТРАЕНОСТА НА СИСТЕМОТ НАЛАГА НЕГОВА САНАЦИЈА И РЕВИТАЛИЗАЦИЈА, БИДЕЈЌИ АКО ПУКНЕ ЅИД ОД КАНАЛОТ, ЌЕ ОТИДЕ ВО НЕВРАТ ЦЕЛА ПРОИЗВОДСТВЕНА РЕКОЛТА Поради дефект на испусна опрема, затварач, на десниот магистрален канал кај населбата Оризари, до кој дошло вчера околу 14 часот, целосно е запрена дистрибуцијата на вода преку десниот магистрален канал, до…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Советот на Општина Кочани ја одржа 15. седница

Советот на Општина Кочани на 15. редовна седница ја прифати Предлог-одлуката за утврдување на приоритет и сопствено учество – кофинансирање на проектот „Паметно мерење и управување на енергијата во системот за јавно осветлување“. Со оваа одлука, Советот ѝ одобри на Општина Кочани да издвои 20 % од вкупната сума на проектот и да аплицира на конкурс за проектни предлози од областа на енергијата, транспортот и заштитата на климата, финансиран од Европската Унија и Германското федерално министерство за економска соработка и развој – GIZ. Според стручните служби со овој проект ќе се овозможи…

Прочитај повеќе
СПОРТ 

Реализирана петтата планинска велосипедска тура од Пониква до Царев Врв – „Осоговска авантура“

Повеќе од сто велосипедисти од различни краеви на Македонија учествуваа на петтата планинска велосипедска тура „Осоговска авантура“, што се одржа на падините на Осоговските Планини во организација на велосипедската група МТБ „Исток“, реализирана со техничка поддршка од Спорт клубот „Електрика“ од Кочани. Велосипедистите поминаа 36 километри на релацијата Пониква – Царев Врв – Пониква,  искачувајќи се на висина од 2085 м, со висинска разлика од близу илјада метри. Настанот „Осоговска авантура“ придонесува за промоција на планинскиот велосипедизам на Осоговските Планини.     Велосипедската тура „Осоговска авантура“ се реализира со финансиска поддршка од…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Тридневен бесплатен Coding Bootcamp за средношколците од Кочани

Локалниот младински Совет на Кочани се вклучи во поддршката на компанијата „Веником“ Кочани во организација на првиот бесплатен Coding Bootcamp – Кочани 2022, наменет за учениците од средните училишта од Кочани кои своето образование сакаат да го продолжат во ИТ индустријата.  Истиот беше одржан во текот на петокот, саботата и неделата во Мултикултурниот центар, кадешто средношколците се запознаа со професионалци од ИТ, маркетинг и ПР индустријата, кои преку практични примери им го доловија процесот на креирање на софтверски решенија и промоција на продукти, a воедно и ги мотивираа учениците да…

Прочитај повеќе
ЦРНА ХРОНИКА 

Филмски криминали со дрога во кочанско

Филмски криминали на кочанско тло, и не со било што, туку со дрога. И тоа според оригинално сценарио, со (зло)употребување на ѓубрарката на КЈП „Водовод“, и на депонијата, а можеби и со знаење на поединци од вработените. Чудна коинциденција, кочанската депонија само што престана на чади, како некој да го изгаснал горењето за случајно да не се запалат вреќите со марихуана. Полицијата сигурно ќе има сложен и замрсен случај за разрешување. Прво, затоа што сопственикот на фирмата е бугарски државјанин, (ако над него нема некој скриен водач во земјава?). Второ…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

На 18 и 19 јули – третман за заштита од комарци во кочанско

Се известуваат граѓаните и институциите дека во понеделник, 18.07.2022 година во вечерните часови стручна екипа на Лиса Ком МС Дооел Кавадарци ќе ја спроведе втората фаза од превентивното терестичко прскање третирање за заштита од комарци. Ќе бидат опфатени селата Тркање, Мојанци, Горни и Долни Подлог, Грдовци, Прибачево и Оризари. Во вторник, 19.07.2022 година во раните утрински часови стручни екипи на Друштво за авио услуги Бониер ДООЕЛ Куманово ќе ја спроведат втората фаза од авио третирањето против комарци. Со авио третирањето ќе бидат опфатени површините во градското подрачје Кочани и низинските…

Прочитај повеќе
ЦРНА ХРОНИКА 

Во ѓубрарка на КЈП „Водовод“ – дрога вредна 400.000 евра

На 15.07.2022 полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал – Сектор за криминалистички истраги – Единица за недозволена трговија со дрога и СВР Штип-НК за КР Кочани до Основно jавно oбвинителство Кочани поднесоа кривична пријава против правeн субјект од Кочани за производство на канабис и С.В.К. (39) од Р.Бугарија, поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори” по член 215 ст.1 и ст.6 од Кривичниот законик, при што запленети се 238 килограми марихуана.…

Прочитај повеќе
ЦРНА ХРОНИКА 

Полицијата во акција запленува марихуана

Според сеуште неофицијални информации, во тек е опсежна полициска акција во Кочани и околината, за откривање и запленување на нелегално поседување на големи количини на марихуана. Според првичните информации во почетната акција полицијата успеала да заплени над 200 килограми од оваа дрога. Активностите на терен продолжуваат, при што се очекува дека е можно откривање и запленување на нови количини. Сепак подетални податоци околу спроведената акција се очекуваат во текот на утрешниот ден. Инаку, проценетата врадност на до сега запленетата Марихуана изнесува околу половина милион евра.

Прочитај повеќе