ЕКОНОМИЈА 

Војводински интерес за оризот

ФИРМИ ОД ВОЈВОДИНА ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА КОЧАНСКИОТ ОРИЗ, КОЈ БИ ГО ПЛАСИРАЛЕ НА НИВНИТЕ ПАЗАРИ. БАРААТ СРЕДБА СО ЛОКАЛНИ ПРОИЗВОДИТЕЛИ И ПРЕРАБОТУВАЧИ И ПРЕЗЕНТАЦИЈА, КАКО ПРЕДУСЛОВ ЗА ЕВЕНТУАЛНИ КОНКРЕТНИ ИЗВОЗНО-УВОЗНИ ДОГОВОРИ. За почетокот на наредната седмица се заговара деловна средба на стопанственици од Војводина со градоначалникот Љупчо Папазов и производители и преработувачи на ориз, кој би се одржал во Кочани. На состанокот ќе се промовира кочанскиот ориз, за кој се заинтересирани гостите од некогашната братска покраина, и ќе се разгледаат можностите за воспоставување долгорочна соработка во сферата на прометот со кочанското…

Прочитај повеќе
ЕКОНОМИЈА 

Патот до Бела Река пред асфалтирање

ПРИ ДЕНЕШНАТА ПОСЕТА НА ДЕЛОТ ОД ПАТОТ ОД МЕСНОСТА КРУШКА ДО БЕЛА РЕКА, ГРАДОНАЧАЛНИКОТ И ДРУГИ ПРЕТСТАВНИЦИ НА ОПШТИНАТА УВИДОА ДЕКА ЗЕМЈЕНИТЕ РАБОТИ ПРИВРШУВААТ И ДЕКА СЕ ПРАВАТ ПОСЛЕДНИТЕ ПОДГОТОВКИ ЗА АСФАЛТИРАЊЕ. ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НАЈАВИ ДЕКА ОПШТИНАТА ЌЕ АПЛИЦИРА ЗА ПРОБИВАЊЕ И АСФАЛТИРАЊЕ НА ПАТИШТА ВО ПОВЕЌЕ РЕОНИ НА ОСОГОВИЕТО, ШТО Е ПРЕДУСЛОВ ЗА ПОДИНАМИЧЕН РАЗВОЈ. Поставен е тампонот и привршуваат другите земјени работи на преостанатиот дел од трасата на патот од Крушка до Бела Река, како завршна подготовка за негово асфалтирање. Денеска стручни лица од Фирмата „Стојменов“ вршеа мерења и…

Прочитај повеќе
ЕКОНОМИЈА 

Тунелот е готов, ќе биде и браната

ДОКОЛКУ НЕ СЕ СЛУЧАТ НЕКАКВИ ЗАСТОИ, НАСИПОТ НА БРАНАТА ЌЕ ЗАПОЧНЕ ДА СЕ ГРАДИ ЗА НЕПОЛНА ГОДИНА, А ОВДЕШНИТЕ ГРАДЕЖНИ СТРУЧЊАЦИ ПРЕДВИДУВААТ ДЕКА ОВОЈ КАПИТАЛЕН ВОДОСТОПАНСКИ ОБЈЕКТ ЌЕ БИДЕ ЗАВРШЕН ЗА ЧЕТИРИ ГОДИНИ. ИНТЕРЕС ЗА РЕАЛИЗАЦИЈАТА НА ПРОЕКТОТ ПРОЈАВИ И ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ЉУПЧО ПАПАЗОВ, КОЈ ДЕНЕСКА ГО ПОСЕТИ ГРАДИЛИШТЕТО, КАДЕ БЕШЕ ЗАПОЗНАЕН СО ТЕКОВНИТЕ АКТИВНОСТИ За помалку од една година може да започне изградбата на насипот, односно телото на браната „Речани“, а за четири години таа да биде целосно готова и да започне да се полни со вода, се оптимистичките но…

Прочитај повеќе
ПОЛИТИКА 

Историчарот молчи, народот на браникот на историјата

Како вчера да беше. Во популарната Метална на социјализмот (СОУ „Гошо Викентиев“), дојде млад професор по историја, кој на часовите со силен национален занес, на нас учениците ни зборуваше за нашата историја. За Гоце Делчев, за неговиот имењак Никола Карев, за Даме Груев, за Илинденскиот период. Подоцна и за народноослободителната борба против германскиот и бугарскиот фашистички окупатор. Толку суптилно и приемчиво што искрено ги засакавме и предметот и професорот. Подоцна историчарот напредуваше до директорска функција во училиштето, кое успешно го раководеше подолг период. Сега кога македонскиот народ ги бие најголемите…

Прочитај повеќе
МАКЕДОНИЈА 

Ете тоа е Градоначалник со големо „Г“

Почитувани, Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски вечерваинформираше дека утре (четврток, 14.07.2022 година) Куманово ќе маршираво име на сите предци кои создадоа држава, а денеска истата се продава. „Време е да го разбудиме ПАРТИЗАНСКОТО во нас! Утре Куманово ќе маршира!Да маршираме заедно сите во име на Карпош, Еребица, Шабани, Перо Чичо,Фетак, Менков, Которка, Бузо, Нацева, Шајче и многу други наши предцикои ни создадоа држава, а овие денеска ја продаваат на кило. Веповикувам сите драги мои Кумановци без разлика на нација, вера иопределба да излеземе утре (четврток) сите во 19:30 часот…

Прочитај повеќе
ЦРНА ХРОНИКА 

Нападнати и претепани работници на КЈП „Водовод“

Актуелности.мк утрово дојде до неофицијална информација дека вчера, нешто пред 14 часот, при извршување на работните задачи на Ул. „Бел Камен“, за одстранување дефект, била нападната екипа на КЈП „Водовод“, при што поединци од вработените се здобиле со тешки и полесни телесни повреди. Групата напаѓачи, кои живеат во тој дел од градот броела најмалку седум лица, а нападнати се тројца вработени во комуналното. Дознаваме дека еден од работниците, кој најверојатно има напукната или скршена коска во пределот на ногата, истата му е мобилизирана во лонгета. Полициски службеници извршиле увид на…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Се асфалтира дел од улицата „Раде Кратовче“

Започна асфлатирањето на дел од улицата „Раде Кратовче“, односно делот од крајната стационажа на улицата до пред ОУ „Раде Кратовче“. Претходно беше извршено орапавување на старата асфалтната површина, изработка на сливни решетки, промена на дел од уличните радници и беа поставени бекатон плочки на дел од тротоарите. Во текот на вчерашниот ден е извршена санација и останати подготовки за денешното започнување на асфлатирање. Вкупната вредност на реконструкцијата изнесува 5.300.000 денари, а средствата се обезбедени од Светска банка, преку Министреството за Транспорт и Врски. Конечното завршување на асфалтирањето е предвидено да…

Прочитај повеќе
СПОРТ 

Прогласени победниците на Петровденскиот турнир во мал фудбал

Синоќа беше одржано финалето на 20. издание на Петровденскиот турнир во мал фудбал. Најпрвин се одигра меч за третото место кое му припадна на „Пролет“. Победници на овогодинешниот Перовденски турнир е екипата на „Ауто велт“, а второто место го понесе екипата на „Џинџер“. Паричната награда за првонаградените изнесуваше 60 илјади денари, за второто место 30 илјади денари, а за трето 15 илјади денари. На доделувањето на наградите, беа прогласени и најдобриот стрелец – Тоше Манов, играч – Иван Стојчев и голман – Јоже Јованов. На тројцата им беа доделени ваучери…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Доделени наградите на најуспешните ученици, ментори и училишта

По повод Петровден – празникот на Кочани, градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов им ги врачи наградите на најуспешните ученици и ментори и  на најнајградуваните училишта во учебната 2021/22 година. Првенците на генерацијата од основните и од средните училишта во Кочани, Благоја Стојков (СОУ „Гошо Викентиев“); Теодора Санева (СОУ „Љупчо Сантов“); Давид Лазаров (ОУ „Свети Кирил и Методиј“); Филип Крстов  (ОУ „Никола Карев“); Иван Георгиев (ОУ „Раде Кратовче“); Евдокија Миткова (ОУ „Малина Попиванова“); Стефани Иванова („Крсте Мисирков“ – Оризари); Луна Милосова и Јована Захариева (ОМУ „Ристо Јуруков), добија награди во…

Прочитај повеќе
ЕКОНОМИЈА 

Руен Инокс Аутомобиле одбележа 70 години

Во чест на 70 години од постењето, кочанската општествено одговорна компанија Ruen Inox Automobile денес го прослави својот 70 годишен јубилеј. Ruen Inox Automobile е кочанска реномирана фирма чијшто напредок се зголемува и издигнува од година во година. Основана е во 1952 година, додека во 2014 година со приватизацијата оди чекор нанапред со новото име Ruen Inox Automobile. Денес деловната област на компанијата се состои од производство на делови за патнички автомобили, камиони, автобуси и трактори. Компанијата Руен Инокс постојано организира и крводарителски акции, а едната од нив се вклопи…

Прочитај повеќе