Uncategorized 

Бадникова поворка низ кочанските улици

Денеска на Бадник, денот пред големиот христијански празник Божиќ, свештенството на храмот „Св. великомаченик Георгиј“ – Кочани ја организираше Бадниковата поворка. Над 120 дечиња кои учествуваа во Бадниковата поворка, исполнувајќи ја Божиќната песна „Вечниот Бог“ продефилираа низ кочанските улици. Поворката беше примена од градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папазов, кој им подари коледарски пакетчиња заедно со Библијата за млади читатели, честитајќи им го големиот христијански празник Рождество Христово – Божиќ.

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Честитка за Божиќ

По повод големиот христијански празник, Рождество Христово – Божиќ, градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папазов до верниците од православната вероисповед упати божиќна честитка во која се вели: „Почитувани сограѓани, Ви ги честитам православните празници кои во секој дом носат мир и благосостојба. Божиќ е најрадосниот христијански празник, празник на семејството и мирот, празник на Христовото раѓање, додека Бадник е предвесник на големиот христијански ден, сплотувајќи ги најблиските на бадниковата трпеза. Нека Бадниковата вечер и Божиќ внесат топлина во домовите и семејствата, а доброто здравје, духовниот мир и меѓусебното разбирање царуваат…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Новата Година дочекана во „евростил“

Новата 2023 година кочанчани ја дочекаа во Градскиот парк, во максимално позитивна атмосфера, атрактивни музички групи, добра забава и новогодишен огномет. Штета што маглата го расипа визуелниот ефект од огнометот, за уживањето да биде целосно. Сепак, големиот број граѓани кои излегоа во и околу паркот, како и по главните улици, уште еднаш ја потврдија потребата од вакви масовни и празнични собирања, кои му даваат нова димензија на заедништвото. Овогодишните искуства од организиран дочек и одговорно однесување на граѓаните само по себе е препорака и во иднина да се прославуваат ваквите…

Прочитај повеќе