Од утре започнува исплатата на социјална, детска и цивилна помош

Oд утре 4 март (четврток) започнува исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита (сите парични прaва) за месец февруари 2021 година, информира Министерството за труд и социјална политика (МТСП).

Корисниците коишто имаат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство од 4 март 2021 година.

Според МТСП, за да се избегне метеж пред банките и да се овозможи поголема заштита на корисниците на парична помош во услови на опасност од ковид-19, за корисниците кои не користат картички, исплатата ќе се спроведе во 2 групи во сите отворени филијали и експозитури на банките, согласно со утврдениот распоред по азбучен ред, според првата буква од презимето и тоа:

– 04.03.2021 (четврток) – А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ, И, Ј, К, Л, Љ
– 05.03.2021  (петок) – М, Н, Њ, О, П, Р С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, 

Сподели: