Илијев без „Благодарница“ за медиумите за придонесот околу пожарите

Градоначалникот Николчо Илијев повторно, или ги заборави, или ги игнорираше медиумите. Овој пат на свечената седница на Советот, по повод Ослободувањето на Кочани, кога за придонесот во справувањето со катастрофалните пожари беа доделени над триесетина благодарници, на сите кои на еден или друг начин учествувале, освен на медиумите, или барем еден медиум од многубројните, кои деноноќно беа на терен и ги информираа граѓаните. Притоа, пренесувајќи апели за помош од самиот градоначалник.

Претпоставка е дека пропустот не е намерен, и е повеќе на службите, меѓутоа фактот дека се надоврзува на тригодишното игнорирање на потребите на локалните медиуми од негова страна, е спротивен на одредени високи оценки за транспарентноста на општината и особено наградата од Здружението на новинари на Македнија, во рамките на манифестацијата „Најдоброто на Истокот“.

Сподели: