СДСМ не се предава, бара прегласување на три избирачки места

Три приговори за три избирачки места во предвидениот рок до Државната изборна комисија поднесе СДСМ со коалицијата „Најдоброто за мојата општина“, со што ја оспори победата на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Љупчо Папазов. Приговорите се однесуваат на постапката за гласање и постапката за сумирање и утврдување на резултатите за три избирачки места во општина Кочани. На избирачкото место 835, во Детската градинка „Павлина Велјанова“ на улица „Скопска“, граѓанин неодговорно кажал за кој го дал својот глас. На избирачките места во селото Долни Подлог, со број 865, и во селото Тркање, со број 875, пријавени се нерегуларности, кои треба да се причина за повторување на изборите.

Според изборниот закон, рокот за поднесување приговори за вториот изборен круг истекува на 3. ноември, во 14 часот. Одлуките во врска со поднесените приговори и тоа дали ќе има прегласување ќе бидат донесени по истекување на рокот за поднесување на приговори на јавна седница на Државната изборна комисија.

Сподели: