СПОРТ 

По тренерот, ќе се менува ли и управата?

КОЈ И КАКО ЌЕ ГО ПРЕДВОДИ „ОСОГОВО“ ВО НОВОТО ФУДБАЛСКО ПРВЕНСТВО Е НЕИЗВЕСНО, КОЛКУ ШТО Е НЕИЗВЕСНО ШТО МОЖАТ ДА ОЧЕКУВААТ НАВИВАЧИТЕ ВО ТРЕТОЛИГАШКАТА КОНКУРЕНЦИЈА. НЕОДАМНА ТРЕНЕРСКАТА ФУНКЦИЈА ЈА ПРЕЗЕДЕ ЕФТИМ АКСЕНТИЕВ, ДАЛИ СЛЕДУВААТ ПРОМЕНИ И ВО УПРАВАТА. Неизвесност се надвиснала на ГФК Осогово кога е во прашање како понатаму ќе продолжи кочанскиот третолигаш, со оглед на затишјето кое владее во и околу клубот. Оставката на шефот на стручниот штаб, Александар Андов, и експресната замена со искусниот Ефтим Аксентиев, е само еден сегмент од очекуваните промени во клубот по испаѓањето…

Прочитај повеќе
СПОРТ 

Александар Андов поднесе оставка

Денеска сакам да ве известам вас медиумите и јавноста дека по направените анализи за сезоната која заврши решив да поднесам оставка од шеф на стручен штаб на ГФК Осогово. На ваков чекор се одлучив и решив бидејќи јас ја преземам одговорноста за тоа што нашиот градски миленик, нашиот клуб ГФК Осогово не успеа да го сочува местото во Втората Единствена Македонска лига иако испаднавме со освоени 31 бод 4 бодови повеќе од минатата сезона а минатата сезона го изборивме опстанокот со 27 бодови. Во оваа прилика сакам да се заблагодарам…

Прочитај повеќе
СПОРТ 

ПОВИК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ НА ПЕТРОВДЕНСКИОТ ТУРНИР ВО МАЛ ФУДБАЛ

Општина Кочани како организатор на ПЕТРОВДЕНСКИОТ ТУРНИР ВО МАЛ ФУДБАЛ ги повикува фудбалските екипи, најдоцна до 15 јуни 2022 година, да се пријават за учество на турнирот.   Екипите се должни при пријавувањето да уплатат котизација од 2 000 денари на с-ка 210041087870107 – ОФС Кочани, да достават име на екипата и список од десет играчи со наполнети 16 години. Пријавите може да се подигнат од Едношалтерската канцеларија на Општина Кочани или од официјалната веб-страница  www.kocani.gov.mk. Ждребувањето и започнувањето на натпреварите ќе биде во договор со екипите. Дополнителни информации на телефоните 077 881 346…

Прочитај повеќе
СПОРТ 

Ученичките од ОУ „Св. Кирил и Методиј“ од Кочани – државни прваци во женски фудбал

На 26 мај, на стадионот „Македонски бранители“ во скопската општина Илинден, се одржа Државно првенство во женски фудбал за основни училишта, на кое ученичките од ОУ „Свети Кирил и Методиј“ од Кочани го освоија првото место. Предводена од наставниците Ванчо Јованов и Јордан Анастасов, екипата на ОУ „Свети Кирил и Методиј“ финалните натпревари ги одигра со противниците од основните училишта „Наим Фрашери“ од Тетово (1 : 1) и „Браќа Миладиновци“ од Илинден (5 : 0). Сандра Костадинова, ученичка во IX одделение во ОУ „Свети Кирил и Методиј“ од Кочани е прогласена за…

Прочитај повеќе
СПОРТ 

Жалба од „Осогово“ до ФФМ

ГФК „ОСОГОВО“ ПОДНЕСЕ ЖАЛБА ДО НАТПРЕВАРУВАЧКАТА КОМИСИЈА ПРИ ФФМ СО КОЈА БАРА “ДЕТОНИТ ЈУНИОР“ ДА БИДЕ КАЗНЕТ И ДА ГИ ЗАГУБИ БОДОВИТЕ КОИ ГИ ОСВОИЛ СО ФУДБАЛЕРОТ ИВАН НАСТЕВСКИ, БИДЕЈЌИ ИГРАЛ ЗА ТРИ КЛУБА ВО ЕДНА СЕЗОНА, ШТО НЕ Е ДОЗВОЛЕНО. ФУДБАЛСКАТА ЈАВНОСТ ВО КОЧАНИ И ЖОЛТО-СИНИТЕ ГО ОЧЕКУВААТ ИСХОДОТ, НАДЕВАЈЌИ СЕ ДЕКА И ВО НОВОТО ПРВЕНСТВО ЌЕ ОСТАНАТ ВТОРОЛИГАШИ. Од ГФК Осогово од Кочани очекуваат Натпреварувачката комисија при ФФМ да ја прифати жалбата, а Детонит јуниор да биде казнет поради неправилна регистрација на фудбалер, со што жолто-сините би останале…

Прочитај повеќе
СПОРТ 

„Осогово“ испадна, „Слога 1934“ не успеа …

Со одигрување на 27-то коло, заврши првенството во Втората фудбалска лига Исток. Најголема причина да слави има екипата на Победа од Прилеп, која од есен ќе се натпреварува во Првата фудбалска лига, а да жалат можат „Осогово“ кое испадна од второлигашката конкуренција, и Слога 1934, која за само три кола го изгуби тоа што упорно го градеше во текот на целото првенство. Осогово оствари пирова победа во Житоше, каде со 4:2 беше подобар од отпишаното Братство. А Слога демотивирана поради разврската дозволи минимален пораз од 2:1 од новиот шампион. Еве…

Прочитај повеќе
СПОРТ 

Кој ќе биде шампион, а кој испаѓа?

Со одигрување на последното коло в сабота, второлигашите на истокот ќе го завршат тековното првенство, кое во изминатите 27 кола донесе квалитетен фудбал и драматична неизвесност. Последното коло треба да даде одговор на најбитните прашања, кој ќе биде новиот шампион, и која екипа, покрај Братство и Тим Локомотива, ќе испадне во понизок ранг, односно третата лига. Прилепска Победа е во најдобра позиција да си обезбеди пласман во Првата лига, а Беласица со очекувана победа против Кожуф, да биде втора и да игра бараж. Надеж дека може да биде втора има…

Прочитај повеќе
СПОРТ 

Кочанчани уживаа во кошаркарски спектакл

Викендов Кочани докажа дека е кошаркарски град. Во саботата сите патишта водеа кон спортската сала Сашко Лазарев – Чапо која беше исполнета буквално до последно место. Ретко која спортска сала ширум државава, па дури и да станува збор за прволигашки спортски ивент може да се пофали со ваква посетеност. Околу 1300 гледачи беа сведоци на вистински фајтерски натпревар со прекрасни потези, прецизни шутеви, кошаркарска тензија, неизвесност и драма до последен момент, но и на коректно судење од делителите на правдата, односно арбитрите. Кошаркарите на Баскет Дино Деликатес ја почувствуваа горчината…

Прочитај повеќе
СПОРТ 

Осогово поразено од Кожуф, сламката на спасот се вика Детонит

Екипата на Осогово не успеа да се врати непоразена од гостувањето во Гевгелија, каде домаќинот Кожуфа со еден постигнат гол освои три бода и си го обезбеди опстанокот во второлигашкото друштво. Со овој пораз „Жолто сините“ се доведоа во уште потешка ситуација, бидејќи конкурентите во ова коло прокнижија победи и се одлепија по три бода. На две кола до крајот на првенството три екипи прават калкулации како да се обезбеди опстанокот. На Осогово му преостануваат натпреварите против Детонит во Кочани и Братство на гости. Дуелот со Детонит ќе биде игра…

Прочитај повеќе
СПОРТ 

Одигра ли „Каменица Саса“ 0:0 за себе, или за некоја друга екипа !?

Чудно играа и уште почудно се однесуваа фудбалерите на Каменица Саса на дуелот против Слога 1934, на натпреварот во Виница, кој заврши без голови. Со овој резултат му скусија два бода на домаќинот и практично го симнаа од врвот на тебалета. Можеби му ја одзедоа и шампионската титула. Особено, бидејќи прилепска Победа со трите бода против Беласица изби на првото место. Но што беше нелогично на денешниот натпревар. Борбената игра и надигрувањето во првото полувреме можеби беше сватливо за публиката, но бункерот на каменичани во второто полувреме нема логичко оправдување.…

Прочитај повеќе