КУЛТУРА 

ЈОУ „Библиотека Искра„ до одбележа Меѓународниот ден на мајчиниот јазик

ЈОУ Библиотека Искра во соработка со ОУ Никола Карев, денеска реализираа неколку активности преку кои го одбележаа 21 февруари, Меѓународниот ден на мајчиниот јазик. Покрај кејот на реката група ученици делеа книги и оставаа пораки за значењето на мајчиниот јазик. Идејата и целта на прославувањето на денот на мајчиниот јазик е да се промовира секој мајчин јазик, но да се негуваат и другите јазици во светот. ЈОУ Библиотека Искра во соработка со ученици од ОУ Никола Карев на случајни минувачи делеа книги од познати автори и оставија пораки за значењето…

Прочитај повеќе
КУЛТУРА 

Прогласени најдобрите ликовни дела на учесниците на ликовниот конкурс „ Книга наместо технологија„

Денеска во ЈОУ Библиотека Искра беа доделени дипломи на наградените ученици од основните и средните училишта кои учествуваа на ликовниот конкурс „Книга наместо технологија„ кој се организираше по повод месецот на книгата.  Координатор на проекот е Кристина Ѓорѓиевска Атанасова,која истакна дека ,ликовниот конкурс „Книга наместо технологија“ беше организиран по повод Месецот на книгата од 15 Октомври до 15 Ноември. – Намерата беше, во услови на пандемија кога е ограничено движењето а со самото тоа и неодењето на училиште на децата , да го поттикнеме читањето кај децата,да се оттргнат од…

Прочитај повеќе
КУЛТУРА 

Во вторник во ЦК Бели Мугри, самостојна изложба на Марија Мицова Гацова

Во вторник на 17 ноември со НУЦК Бели Мугри ќе биде отворена втората самостојна изложба на цртежи со наслов „Колективна датабаза„ на Марија Мицова Гацова. На изложбата ќе бидат изложени 9 кружни цртежи, 21 цртеж со правоаголна форма, различни димензии и 3 објекти со висина од 92 см. Изложбата ке биде отворена со почеток во 12 часот, а на истата ке бидат запазени сите мерки за заштита од КОВИД 19.

Прочитај повеќе
КУЛТУРА 

План за вработување во МБ „Искра“ за 2021 г.

Според планот за вработување на Библиотеката „Искра“ во наредната 2021 година, ќе се реализира само едно вработување, и тоа по основ на испразнето работно место поради пензионирање. Работното место е виш библиотекар, во рамките на работната единица Роднокрајно одделение и библиографии, со бруто годишна плата од 520.272 денари. Во текот на 2021 година се планирани две заминувања во пензија, со што ако не се случи промена во планирањата, Матичната библиотека на крајот од наредната година, од сегашните 10 ќе го намали вкупниот број на вработени на 9. Овој план за…

Прочитај повеќе
КУЛТУРА 

Разговори за децата, книгата и музиката

Во дворот на библиотеката „Искра“ во Кочани, минатата недела се славеше литературата за најмладите читатели со манифестацијата „Фестивал на децата, книгата и музиката“. Во рамките на манифестацијата им беа доделени благодарници на поддржувачите и помагателите на работата на библиотеката, меѓу кои беа Општина Штип и Општинската организација на Црвениот крст од Кочани. Се одржа и трибина на темата „Специфичноста, позитивните влијанија и присутноста на литературата за деца во детскиот развој и во креирањето на детскиот свет“, на излагачите проф. Јованка Денкова од Филолошкиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“, Штип, м-р…

Прочитај повеќе
КУЛТУРА 

На 27 септември во Кочани – розова прошетка под мотото „ТРКА ЗА ЛЕК“

Локалната координаторка на Здружението „Борка – за секој нов ден“, Валентина Андонова ја најавува годинашнава Розова прошетка, која наместо во Скопје, ќе се одржи во 14 градови од нашата држава, во кои е и Кочани. Розовата прошетка е закажана за в недела, на 27 септември, под мотото „Трка за лек“, а ќе почне од Летната сцена во Центарот за култура „Бели мугри“, во 11 ч. – Со прошетка низ градот ќе се даде поддршка на сите болни од рак на дојка. Болеста е тешка и е околу нас, но со…

Прочитај повеќе
КУЛТУРА 

Манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз” годинава во скратено издание

Дваесет и деветтото издание на културната манифестација „Денови на кочанскиот ориз” годинава ќе се одржи на 3 октомври, во скратена форма. На одржаниот состанок, Организацискиот одбор на манифестацијата утврди дека поради корона-кризата неопходно е многубројните, повеќедневни содржини да бидат сведени на минимум. Се планира да се прикажат само обичаите зажнејување и вршидба, како настани што ја одржуваат релацијата со традиционалниот начин на одгледување на кочанскиот ориз. -Целта е да не се прекине тридеценискиот континуитет на манифестација, а да се избегнат масовни собири и опасноста за ширење на заразата. Во рамки…

Прочитај повеќе
КУЛТУРА 

Започна ликовната колонија „АРТ ВАРИЈАЦИИ 2020“

Во Кочани почна со работа ликовната колонија „Арт варијации 2020“, што во организација на Здружението за култура, наука и општествени дејности „Стари поток“ се реализира четврта година по ред. Колонијата е од меѓународен карактер, но поради ситуацијата со коронавирусот оваа година ќе учествуваат само домашни уметници, кои во следните шест денови ќе творат на слободна тема, во сопствена режија од дома. -На колонијата од Македонија ќе учестувааат десет уметници, Елизабета Зафирова Стојанова, Наде Ѕмбова и Марија Дончева од Кочани, Мики Трендафиловски, Трајан Трајковски и Александар Стефановски од Куманово Од Зрновци…

Прочитај повеќе