РЕГИОН 

Миле Петков нов претседател на ИПР

Во Кочани, во салата за состаноци во општинската зграда, Советот за развој на Источниот плански регион ја одржа тринаесеттата седница. На седницата Советот ги усвоиизмените нафинансискиот план на Центарот за развој на Источниот плански регион за 2023 година; донесе одлука за преотстапување на изградениот објект „Партерно уредување во склоп на објектот Дом на млади – Штип“; а го  донесе и Правилникот за плати и надоместоци на вработените во Центарот за развој на Источниот плански регион.  На седницата во Кочани, за претседател на Советот за развој на Источниот плански регион, сметано од 21 ноември 2023 година, е избран Миле Петков,…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Јавен повик за проекти за култура, спорт …

До 27 ноември е отворен јавниот повик на Општина Кочани за поднесување предлог-проекти за програмите за култура, спорт и социјална, детска и здравствена заштита за 2024 година. Предлог-проектите треба да имаат јасно определени цели, содржина и дефинирани финансиски средства, а може да се поднесат во каква било форма најдоцна до 27 ноември 2023 година во Едношалтерската канцеларија на Општина Кочани. Општина Кочани ги потсетува спортските клубови, здруженија и поединци корисници на средства од Програмата за спорт и корисниците од програмите за култура и за социјална, здравствена и детска заштита во…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Оглас за Новогодишниот бараз во Кочани

Општина Кочани го објави огласот за организирање Новогодишен базар по пат на јавно наддавање.  Право на учество на јавното наддавање имаат сите правни субјекти регистрирани во Централен регистар, кои ќе уплатат 10 % од почетната цена за лицитација до почетокот на самата лицитација. Почетната цена на јавното наддавање е 30 илјади денари, со  минимален праг на наддавање од 3 илјади денари. Јавното наддавање ќе се спроведе на 20 ноември 2023 г., во 12 ч., во просториите на Општина Кочани.  Новогодишниот базар ќе се одржи на целата парцела во Градскиот парк во Кочани, во…

Прочитај повеќе