ОПШТИНА КОЧАНИ 

Се чистат локациите со диви депонии во Источниот Регион како прва фаза од воспоставувањето на регионалната депонија

На територијата на општина Кочани во тек е чистењето на дивите депонии, активност произлезена од Одлуката на Владата за начинот на работа и постапување со постојните локации за отстранување на отпад и определување времени локации за отстранување отпад до периодот на изградба на регионалната депонија во Источниот и Североисточниот Регион. Во завршна фаза е отстранувањето на отпадот од седумте локации за чистење во Кочани, определени со одлуката: Маџирски Ниви, Трајаново Трло, во Ромското Маало (кај Споменикот), кај Фабриката за вода,  „Национал“, во Грдовци и во Тркање. Исчистени се и депонии…

Прочитај повеќе
ПОЛИТИКА 

Поради советнички сомнеж, нема да има Младински културен центар

Ќе се претвори ли политичката заслепеност во сеопшто слепило, а младите во Кочани во заробеници на контрапродуктивните политички игри? Ова прашање само по себе се наметнува откако советниците од опозицијата не гласаа за иницијативата за формирање на Младински културен центар, како јавна општинска установа, која би придонела за остварување на локалниот интерес во културата од областите на издавачката, сценско-уметничката, филмската и галериската дејност, како и во дејноста на домовите на културата, дејноста за посредување во културата и во дејноста за управување со објекти. Причината за негласањето, како што беше истакнато…

Прочитај повеќе