ОПШТИНА КОЧАНИ 

Кочани останува во најтранспарентните општини според индексот на фискална транспарентност 

Според истражувањето на фискалната транспарентност на општините, реализирано во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите, Општина Кочани и во 2023 година останува во групата најтранспарентни општини и го следи општиот тренд на постојано подобрување.  Во фискалната 2022/23 година, Општина Кочани се вбројува во категоријата на  десетте најтранспарентни општини со максимален број индексни поени за буџетска транспарентност, со раст од еден индексен поен во однос на претходната година. На скалата од 1 до 16, Општина Кочани во фискалната 2021/2022 имала 15, додека во 2022/23 –…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

На 28 ноември – Младинска крводарителска акција во Кочани

На 28 ноември – Младинска крводарителска акција во Кочани Црвен крст на Република С. Македонија – Општинска организација Кочани во соработка со СОУ „Љупчо Сантов“ и СОУ „Гошо Викентиев“ во вторник на 28 ноември ќе ја реализира предвидената младинска акција за дарување на крв. Акцијата е наменета за сите средношколци над 18 години, студенти и млади лица и ќе се реализира во периодот од 9 до 14 ч. во просториите на СОУ „Љупчо Сантов“ – Кочани. -Акцијата е 17 по ред што се реализира во тековната година, а втора акција…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Пензионерите со нов протест

Иницијативниот одбор на пензионерите од Кочани организираше уште еден во низата протести за исполнување на барањата доставени до ресорното министерство, Владата и Собранието на Република Македонија, кои се однесуваат на линеарно зголемување на платите за 5000 денари и определување минимална пензија од најмалку 18.000 денари. На локацијата пред Центарот за култура „Бели Мугри“, пред насобраните пензионери со ниски пензии, зборуваа потпретседателот на ИО Моне Горгиев и секретарот Орце Димитров, кои практично информираа за преземените активности од страна на републичкото здружение. Пензионерите беа информирани за закажаниот генерален протест на пензионерите од…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Средба на градоначалникот Папазов со претставници од Националниот демократски институт за меѓународни прашања

Градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов оствари средба со претставници на Националниот демократски институт за меѓународни прашања – NDI – Северна Македонија, на која се разговараше за субнационалната програма на NDI за зајакнување на соработката меѓу локалните избрани лидери.  На средбата беше истакнато значењето на одговорноста пред граѓаните во субнационалното управување,  a со претставниците на NDI се разговараше и за актуелни прашања и состојби  поврзани со ромската заедница во Кочани.  На почетокот на 2024 година, Институтот во партнерство со Мисијата на ОБСЕ во Скопје, ќе организира обука за членовите на Советот на Општина Кочани и за општинската администрација…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Хуманитарен настан за учениците со попреченост во СОУ „Гошо Викентиев“ 

По повод 3 Декември, Денот на лицата со попреченост, Општина Кочани организира  хуманитарен културно-забавен настан под мотото „Без бариери“.  Во програмата што ќе се одржи во салата на ОУ „Св. Кирил и Методиј“, на 1 декември (петок), во 10:30 часот, ќе бидат вклучени сите основни и средни училишта.  Овој настан е со донаторска цел – да се приберат средства за набавка на помагало за  движење по скалишниот простор во СОУ „Гошо Викентиев“.  Општина Кочани ги повикува сите правни и физички субјекти  да се вклучат со свое учество во донаторската акција и…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Се градат улици на неколку локации во општина Кочани

Во тек се работите за изградба на улицата „Александар Митев“ во селото Тркање. Градежната фирма „Коле транс“, како избран изведувач, работи на ископ и тампонирање на траса долга 520 м, со ширина од 3,5 до 5 м. За асфалтирање на оваа улица се обезбедени 2.332.000 денари од Буџетот на Општина Кочани. Деновиве, во населбата Драчевик, градежна механизација на „Калина“ од Оризари  пробива дел од улицата „Бел камен“, која ќе биде широка 6 м, а во нејзина непосредна близина се пробива и пристапна улица со ширина од 5,5 метри. Овие градежни активности во…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Се чистат локациите со диви депонии во Источниот Регион како прва фаза од воспоставувањето на регионалната депонија

На територијата на општина Кочани во тек е чистењето на дивите депонии, активност произлезена од Одлуката на Владата за начинот на работа и постапување со постојните локации за отстранување на отпад и определување времени локации за отстранување отпад до периодот на изградба на регионалната депонија во Источниот и Североисточниот Регион. Во завршна фаза е отстранувањето на отпадот од седумте локации за чистење во Кочани, определени со одлуката: Маџирски Ниви, Трајаново Трло, во Ромското Маало (кај Споменикот), кај Фабриката за вода,  „Национал“, во Грдовци и во Тркање. Исчистени се и депонии…

Прочитај повеќе
ПОЛИТИКА 

Поради советнички сомнеж, нема да има Младински културен центар

Ќе се претвори ли политичката заслепеност во сеопшто слепило, а младите во Кочани во заробеници на контрапродуктивните политички игри? Ова прашање само по себе се наметнува откако советниците од опозицијата не гласаа за иницијативата за формирање на Младински културен центар, како јавна општинска установа, која би придонела за остварување на локалниот интерес во културата од областите на издавачката, сценско-уметничката, филмската и галериската дејност, како и во дејноста на домовите на културата, дејноста за посредување во културата и во дејноста за управување со објекти. Причината за негласањето, како што беше истакнато…

Прочитај повеќе
РЕГИОН 

Миле Петков нов претседател на ИПР

Во Кочани, во салата за состаноци во општинската зграда, Советот за развој на Источниот плански регион ја одржа тринаесеттата седница. На седницата Советот ги усвоиизмените нафинансискиот план на Центарот за развој на Источниот плански регион за 2023 година; донесе одлука за преотстапување на изградениот објект „Партерно уредување во склоп на објектот Дом на млади – Штип“; а го  донесе и Правилникот за плати и надоместоци на вработените во Центарот за развој на Источниот плански регион.  На седницата во Кочани, за претседател на Советот за развој на Источниот плански регион, сметано од 21 ноември 2023 година, е избран Миле Петков,…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Јавен повик за проекти за култура, спорт …

До 27 ноември е отворен јавниот повик на Општина Кочани за поднесување предлог-проекти за програмите за култура, спорт и социјална, детска и здравствена заштита за 2024 година. Предлог-проектите треба да имаат јасно определени цели, содржина и дефинирани финансиски средства, а може да се поднесат во каква било форма најдоцна до 27 ноември 2023 година во Едношалтерската канцеларија на Општина Кочани. Општина Кочани ги потсетува спортските клубови, здруженија и поединци корисници на средства од Програмата за спорт и корисниците од програмите за култура и за социјална, здравствена и детска заштита во…

Прочитај повеќе