ОПШТИНА ВИНИЦА 

Виничките лозари ги избраа најдобрите

Изминатиот викенд  во хотелот Центробизнис кај Виница  се одржа 42-та традиционална Лозаро-овоштарска вечер на која присуствуваа голем број лозари и овоштари од Виница и пошироко. Вредните лозаро-овоштари ја негуваат традицијата над 4 децении и секоја година со нетрпение го очекуваат изборот на најдобрите вина и ракии, како и незаборавната дружба исполнета со ора и песни, и богата лотарија. За значењето на оваа манифестација од стопански и развоен аспект за општината , градоначалникот Миле Петков изјави: -Општина Виница максимално ги поддржува лозаро-овоштарите, бидејќи се значајна гранка во локалното стопанство, и придонесуваат…

Прочитај повеќе
МАКЕДОНИЈА 

Пензии или политика, раскол меѓу ИО

Раскол во Иницијативниот одбор на пензионерите организирани под името За достоен живот во Македонија по состанокот одржан во Кавадарци. Откако претседателот на ИО, Драган Угриновски со неколку поддржувачи ја образложил својата политичка амбиција преку партијата на Јанко Бачев, тој и неколку членови, да бидат носители на листи за пратеници, на наредните парламентарни избори, претставниците од општините на пензионерите кои со месеци протестираа, се оградиле од таквата опција и си заминале од Кавадарци. По неуспешниот тензичен состанок со обиди за физичка пресметка, мнозинството од Иницијативниот одбор, кои практично први ги започнаа…

Прочитај повеќе
МАКЕДОНИЈА 

Ваучерите за инвертер клими – за скопјани!?

Граѓаните од Кочани и околината се незадоволни од начинот на доделување ваучери за купување инвертер клими на Министерството за економија, кој деновиве предвреме беше затворен. Некои сеуште бараат како и каде да аплицираат со барање, иако јавниот повик пред два дена е затворен. Тие сметаат дека условите за аплицирање ги фаворизираат граѓаните од Скопје наспроти внатрешноста, кои документите мораше да ги праќаат по пошта. Во Јавниот оглас, кој беше објавен на 31 јануари, не се предвидува количинска распределба на инверетер клими по региони, туку во иста група се Скопскиот, Источниот,…

Прочитај повеќе
МАКЕДОНИЈА 

Граѓански иницијативи: ИСТ СТАЖ-ИСТИ ПЕНЗИИ

До Собранието РМ е доставена граѓанска иницијатива за собирање 150 илјади потписи, што ќе овоможи референдумско изјаснување на оваа тема. Народот да се изјасни дали треба да се донесе закон за државна пензија, според кој сите пензионери со ист стаж ќе имаат исти примања. Референдумското прашање би гласело: „Дали сте за или против донесување на закон за државна пензија со која сите пензионери со ист стаж ќе имаат иста пензија, а пензиите согласно стажот ќе бидат пресметани според табелата дадена во прилог. Предлагачите посочуваат дека висината на државната пензија се…

Прочитај повеќе