ЗДРАВСТВО 

Нов скандал во кочанската болница ! „Кога ке заврши неговиот живот ќе ви јавиме„

„ … кога ќе заврши неговиот живот, ние ќе ви се јавиме. Толку!„ – со овие зборови биле испратени сопругата и ќерката на 71-но годишниот Кочо Шанговски, кој во моментот е хоспитализиран во кочанската Општа болница. Неговото семејство  e потресено и не знае што се случува со здравјето на болниот. Семејството Шанговски живее во Канада, а Кочо прв пат по три децении се враќа во родната земја и во Кочани. Од понеделникот е хоспитализиран во кочанската болница, кога последен пат го виделе. Неговите блиски тврдат дека состојбата му била мошне…

Прочитај повеќе
ЗДРАВСТВО 

Започна вакцинацијата за лица над 75 години во Кочани

Од денеска, како што беше најавено започна вакцинацијата на граѓаните на Кочани на возраст над 75 години. Граѓаните се вакцинираат со вакцина од производителот АстраЗенека . Од Општа болница со проширена дејност Кочани информираат дека дневно е планирано да се вакцинираат по 50 лица, но не соопштија колкав број на вакцини се пристигнати кај нас. Повозрасните граѓани кои што ги сретнавме таму, велат дека се чувствуваат безбедно и ја препорачуваат вакцината против КОВИД 19 , бидејки според нив тоа е единствениот спас за да се стави крај на ширењето на…

Прочитај повеќе
ЗДРАВСТВО 

Пуштена во употреба новата ковид болница во Кочани

Министерот за здравство Венко Филипче денеска официјално ја пушти во употреба модуларната монтажна ковид болница. Монтажната болница ќе располага со 35 болнички кревети, а во неа ќе се лекуваат пациенти од Кочани и соседните општини. Оваа е една од 17 монтажни болници кои се изградија низ општините во државата. Се соочуваме со силен бран и сме свесни  што ова значи на зајакнување на капацитетот на болниците и бројот на болнички кревети.Модуларната болница ќе биде опремена со дополнителен ехо апарат, сонди и подвижен рентген апарат  , истакна Венко Филипче, министер за…

Прочитај повеќе
ЗДРАВСТВО 

Спасувале болен од Ковид, ќе загинеле во сообраќајка

Возач на болничко возило и медицинска сестра, кои превезувале заради лекување, тешко болен пациент од коронавирус од Кочани, настрадале во сообраќајната несреќа што се случи во близина на селото Крупиште, при то се здобиле со тешки телесни повреди. Двајцата здравствени работници и пациентот со тешки скршеници се примени во штипската Клиничка болница, но поради сериозноста на повредите веднаш се хоспитализирани на трауматологија во Клиничкиот центар во Скопје. Сообраќајната несреќа се случила утрово, околу 9:30 часот на регионалниот пат Штип-Кочани кај селото Крупиште. Според полицискиот увид, дошло до судир меѓу камион,…

Прочитај повеќе
ЗДРАВСТВО 

Бајачки телефонски бајат и во Германија !?

Надрилекрството во регионот се повеќе станува вносен бизнис за поединци, од кои поединци ја користат туѓата мака за да профитираат. Тоа што црквата постојано е во борба против самонаречените гатачи, бајачи и исцелители, не го спречува народот да верува во нив и мошне често да ги бара нивните услуги. И додека едни за лекувањето наплатуваат според некаков тарифник, други оставаат пациентите да одлучат сами колку ќе платат, односно остават за да се фати лекот или баењето. Засега не се знае дали и како се наплатува баењето преку „жица“, бидејќи има…

Прочитај повеќе
ЗДРАВСТВО 

За влез во болницата возете од старата капија

Почитувани читатели, ако утре, вторник 24. Ноември, имате потреба да ја посетите Општна болница со возило, не одете на главниот влез од западната страна, туку возете од источната страна, преку старата капија. За промената ве информираме самоиницијативно, заради вашиот интерес, за да не губите време, бидејќи од Општа болица продолжуваат со селективното информирање, несвесни дека не го скратуваат и казнуваат Актуелности.мк, туку пациентите и граѓаните. Но што да се прави, кога некои мислат дека јавната институција им е приватна сопственост, па едни известуваат, а други не. Инаку, причината за изменетиот…

Прочитај повеќе
ЗДРАВСТВО 

Протекционизам и за вакцини против сезонскиот грип !?

Вработен во кочанско јавно претпријатие, хронично заболен, денеска се јави до новинарот со барање да се посети Општа Болница за да се видат и слушнат сите неправилности околу протекционизмот со вакцинацијата против сезонски грип. Како што наведе, нововработени во општината и други влијателни граѓани, преку ред се вакцинираат, додека хронично болни, кои би требало да имаат предност, се враќаат и се оставаат на чекање, иако нивното здравје е позагрозено отколку на другите. Револтираниот сограѓанин гласно прашуваше, каде се медиумите да ја посетат Општа болница за да видат што се прави…

Прочитај повеќе
ЗДРАВСТВО 

Колку пари, толку здравје …

Колку пари, толку здравје, а во последно време и живот. Така коментираат голем број граѓани кои немаат доволно средства да се лекуваат во престижните приватни здравствени установи во државата, каде лекувачко-оздравувачкиот престој, често чини десетици илјади евра. Актуелности дознава дека двајца наши сограѓани, кои биле хоспитализирани во една од приватните клиники, заради лекување од Ковид 19, морале да издвојат по над 20.000 евра, за да ја платат сметката за комплетниот третман.  Со оглед на фактот дека оздравени, или заздравени, како што самите велат, се вратиле дома, задоволни се од лекувањето…

Прочитај повеќе
ЗДРАВСТВО 

Колку пари, толку здравје …

Лекувањето дома ги чини многу пари семејствата, и плус претставува дополнително психолошко оптоварување и неизвесност поради болеста, како кај инфицираниот, така и кај другите членови. Оптоварувањето на буџетот, кое исто така е стресно кога парите не стигнуваат, доаѓа од пропишаните посебни терапии за секој заболен од страна на матичниот лекар, во кои доминираат витамините и суплементите за зајакнување на имунитетот. Ако лековите се на фондот, витамините не се а кај нив цените се мошне високи. Всушност, трошоците започнуваат со тестовите, главно на приватно. А доколку е неопходно да се набави…

Прочитај повеќе
ЗДРАВСТВО 

Маските штитат и од грип и настинка

За здравствените експерти носењето заштитни маски е повеќекратно корисно, бидејќи освен заштитата од Ковид 19, во сезоната на настинки и грип, штитат и од овие и други вируси кои се пренесуваат преку воздух и капки. Заедно со маските заштита обезбедува и држење на неопходно и безбедно растојание, бидејќи, капките при зборување, кашлање или кивање, немаат голем досег и паѓаат на земја или под. Со воздухот ситуацијата е по сложена, бидејќи честичките остануваат подолго во него, а струењата го носат на поголеми далечини. И тука маските ја играат клучната улога, со…

Прочитај повеќе