МАКЕДОНИЈА 

Отштети за каснувања од кучиња ги празнат буџетите на поедини општини

ПРОБЛЕМОТ СО КАСНУВАЊАТА ОД КУЧИЊА И ИСПЛАТАТА НА ОТШТЕТИ ВО ПОЕДИНИ ГРАДОВИ „ВРТИ“ ЗНАЧАЈНИ СРЕДСТВА, НА ИСТОКОТ Е НЕЗНАЧИТЕЛЕН. ВЕЛЕС ГОДИШНО ИСПЛАЌА ПО ДВА-ТРИ МИЛИОНИ ДЕНАРИ. ВО КОЧАНСКО-ВИНИЧКИОТ РЕГИОН САМО ОДВРЕМЕ НАВРЕМЕ ЌЕ СЕ ЈАВИ ПО НЕКОЈ СЛУЧАЈ, КОЈ СЕ РЕШАВА СУДСКИ ИЛИ СПОГОДБЕНО. Проблемите со кучињата скитници во поедини општини во државата полека но сигурно се претвораат во еден вид бизниси, особено во делот на нападите од незгрижените пријатели на луѓето, каснувањето и обештетувањата по тој основ. Граѓаните коментираат дека поединци намерно ги провоцираат кучињата да ги нападнат и…

Прочитај повеќе
МАКЕДОНИЈА 

Лани се родиле за 6724 лица помалку од бројот на умрени

ЗАГРИЖУВАЧКО Е НАМАЛУВАЊЕТО НА ПРИРОДНИОТ ПРИРАСТ ЗА МИНАТАТА ГОДИНА, БИДЕЈЌИ СЕ РОДИЛЕ ЗА 6724 ЛИЦА ПОМАЛКУ ОТКОЛКУ ШТО ПОЧИНАЛЕ. ИСТОЧНИОТ РЕГИОН СО САМО 6,1 УЧЕСТВО ВО НОВОРОДЕНИТЕ Е УБЕДЛИВО НА ПОСЛЕДНО МЕСТО ВО СПОРЕДБА СО ДРУГИТЕ РЕГИОНИ ВО ДРЖАВАТА. НАЈГОЛЕМИ МИГРАЦИИ СЕЛО-ГРАД СЕ ЗАБЕЛЕЖАНИ ВО ИСТОЧНИОТ ДЕЛ НА ДРЖАВАТА. За застрашувачки 6724 лица е намален природниот прираст во минатата година во земјава, што се гледа од разликата меѓу родените 19.031, наспроти умрените 25.755 лица. Од нив, во градските подрачја живородени се 11 258 деца или 59.2 % од вкупниот број,…

Прочитај повеќе
МАКЕДОНИЈА 

Македонија на 90 место, а Кочани … ?

ВО ЗЕМЈА КОЈА Е НА 90 МЕСТО СПОРЕД СЛОБОДАТА НА МЕДИУМИТЕ, НА КОЕ МЕСТО СЕ ЛОКАЛНИТЕ ВО ОПШТИНА, ВО КОЈА ВЛАСТА ГИ КОРИСТИ НИВНИТЕ УСЛУГИ, АМА ЗА ВОЗВРАТ НЕ ДАВА НИКАКВА КОНКРЕТНА ПОДДРШКА, И 2,5 ГОДИНИ НЕ ПРЕЗЕМА БУКВАЛНО НИШТО ДА ИЗЛЕЗЕ ОД ЌОРСОКАКОТ. СОСТОЈБИТЕ ДОПОЛНИТЕЛНО ГИ ОТЕЖНУВА КОВИД 19 КРИЗАТА, КОЈА НАЛАГА ЗГОЛЕМЕНА АНГАЖИРАНОСТ. Ако Македонија годинава е на 90 место, од 180 земји, според светскиот индекс на слободата на медиумите на француската организација Репортери без граници, што е скок за 2 места во однос на лани, тогаш прашањето…

Прочитај повеќе
МАКЕДОНИЈА 

Исплата на пензиите од 29 март до 1. април

И ПЕНЗИОНЕРИТЕ ОД РЕГИОНОТ, КАКО И ОД ДРЖАВАТА, ОД ПОНЕДЕЛНИК ЌЕ ГИ ДОБИЈАТ МАРТОВСКИТЕ ПЕНЗИИ, ЕТАПНО СПОРЕД ВИСИНАТА, ШТО ЌЕ ОВОЗМОЖИ ЕФИКАСНА И БЕЗБЕДНА ТРАНСАКЦИЈА. ПРОДОЛЖУВААТ АПЕЛИТЕ ЗА ПОЧИТУВАЊЕ НА КОВИД МЕРКИТЕ Oд понеделник 29.март, почнува етапната исплата на мартовските пензии, информираат од Министерството за труд и социјална политика. Пензиите ќе бидат исплатени предвреме и етапно, со цел да се овозможи поголема заштита на пензионерите во услови на опасност од коронавирусот КОВИД-19. Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не користат картички ќе се реализира…

Прочитај повеќе
МАКЕДОНИЈА 

Обвинителниот акт за случајот „Поштенска банка“ крши темелни правни начела и законски норми

Независни вештаци се обединети во мислењето дека во обвинението против третообвинетиот Ратко Димитровски од Кочани, поднесено незаконски, не докажува постоење ниту на злоупотреба на службена должност и овластување, а ниту на перење пари. Има ли овој случај тајна позадина? Од Бранко Геровски Објавено 04.01.2021 година, 9 часот Ако спектакуларните најави за „прочистување“ на македонското судство ќе значат и крај на т.н. револуционерна правда и на арбитрерните и незаконски постапки на македонски обвинители и судии, ништо чудно обвинителниот акт за случајот „Поштенска банка“ да биде една од преломните точки во тој…

Прочитај повеќе
МАКЕДОНИЈА 

За едни општини по две, за други по една дотација

Повеќе општински буџети ќе се освежат со по еден-два милиони евра за реализација на разни проекти од интерес на граѓаните, меѓутоа, одделни градови ќе добијат по две дотации, а други значително помалку. Портпаролот Хоџа не го спомна Кочани меѓу градовите на кои ќе им бидат доделени над милион евра. Државата со  35.милиони евра ќе реализира 99 инфраструктурни проекти во 75 градови, со кои ќе им се подобри квалитетот на живеење на граѓаните. Парите се наменети за изградба на водоводни мрежи, фекална и атмосферска канализација, реконструкција на локални патишта, доизградба на…

Прочитај повеќе
МАКЕДОНИЈА 

Дојде ли време да се плати цехот за Бугарските пасоши ?

Само за една декада, во периодот од 1 јануари 2010 до крајот на октомври 2020 година, дури 77 830 државјани на Република Македонија аплицирале за добивање бугарско државјанство, изброиле тамошните служби. И сите тие, или фрапантни 77 726 баратели навеле дека имаат бугарско потекло. Во тој период со бугарски државјанства се стекнале 65 675 Македонци со „бугарско потекло“. Овие податоци деновиве ги објавила бугарската министерка за правда Десислава Ахладова на седница во парламентот одговарајќи на пратеничко прашања на Христо Гаџев од парламентарното мнозинство. Бројките можеби не би предизвикале поголемо внимание…

Прочитај повеќе
МАКЕДОНИЈА 

Петардите ќе „изгорат“ многу џебови

Од 200 до 500 евра казна ќе заработат лицата кои продаваат, купуваат или пукаат петарди на јавни места. Тоа значи дека е забрането пукањето во дворни места, во станбени згради, на улица, бидејќи се прави прекршок против јавниот ред и мир. Полицијата пред новогодишните празници ги засили контролните и други активности, поврзани со навремено откривање и спречување продажба и употреба на петарди и други пиротехнички средства. Набавувањето и дистрибуирањето на петарди на пазарите во поголеми количини е спротивно на Кривичниот законик и за тоа дело е предвидена казна затвор од…

Прочитај повеќе
МАКЕДОНИЈА 

Наредниот вторник, 8-ми декември, празнуваме

Осми декември е Денот на „Св. Климент Охридски” и е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија. Министерството за труд и социјална политика соопштува дека празнувањето е во согласност со Законот за празниците на РМ  („Службен весник  на  РМ„ бр.21/98 и 18/07). Mинистерството за труд и социјална политика ја користи оваа прилика, на сите граѓани во државата да им го честита празникот „Св.Климент Охридски”.

Прочитај повеќе
МАКЕДОНИЈА 

Зошто Кочани е на опашката ?

Читателите на дневниот весник „Нова Македонија“ во деведесетите години, а подоцна и на локалниот весник „Актуелности“, сигурно се сеќаваат на написите од дописникот од Кочани, кој аргументирано ја критикуваше варијантата за железничко поврзување на Македонија и Бугарија, преку Куманово и Крива Паланка, како неоправдана и поскапа, во однос на Кочанската, кон Благоевград или Дупница, која од лични интереси ја избраа тогаш влијателните Тито Петковски, Љубисав Иванов и Бранко Црвенковски. Првиот за сметка на државните интереси да си ја заживее К. Паланка со се Псача, вториот Кратово, а третиот … Залудни…

Прочитај повеќе