СПОРТ 

„Осогово“ декласирано, „Слога“ рутинирано

Со одигрувањето на првото коло во новата фудбалска сезона, Второлигашите на истокот го отворија првенството, за кое стручњаците велат дека ќе биде едно од најнеизвесните во поново време. На пет стадиони се одиграа исто току дуели, при што поуспешни беа гостинските екипи кои извојуваа три победи, а домаќинитње две. Екипата на Осогово во Кочани претрпе убедлив и разочарувачки пораз од Каменица Саса, со резултат 1:4. Кочанци само во првите 20 минути беа рамноправен противник, бидејќи потоа гостите и со игра и со резултат ја направила очигледната разлика. Слога 1934 во…

Прочитај повеќе
СПОРТ 

Власта го критикува, „Осогово“ домаќин на „К.Саса“

Второлигашите во последен момент ги собраа парите и ги уплатија за котизација, со што се создадоа услови за жребување и старт на новото фудбалско првенство. ГФК „Осогово“ во првото коло ќе ја пречека секогаш незгодната  екипата на „Каменица Саса“. Се очекува интересен и до крај неизвесен натпревар, во кој трите бода се особено императив за жолто-сините. Поради Ковид мерките дозволено е на натпреварите да присуствуваат гледачи но само доколку поседуваат потврда за примена прва вакцина, или имаат потврда за прележан Ковид-19, но не постара од 45 дена. Двојќи од првото…

Прочитај повеќе
СПОРТ 

Фудбал и хуманост на „Никола Мантов“

И фудбал и хуманост покажаа домаќинот „Осогово“ и гостите од Радовиш „Плачковица“, на пријателскиот натпревар организиран на стадионот „Никола Мантов“ во Кочани. Истовремено, извонреден гест на управата на жолто-сините, која не заборави да му се заблагодари на големиот Лазо Балдазаров, голманската легенда на Кочани и Македонија. Шефот на стручниот штаб на „Осогово“, Александар Андонов, не внукот на Балдата му подари дрес на клубот, за сеќавање и чување на спомените. Публиката која од спортски и хумани побуди дојде на стадионот, ја имаше привилегијата да види мошне добар натпревар, во кој двете…

Прочитај повеќе
СПОРТ 

Ветераните на „Младост“ Оризари, играа фудбал и се дружеа

Ветераните на накогашниот фудбалски клуб „Младост“ од Оризари, денеска го одиграа традиционалниот фудбалски натпревар кој собра над дваесетина поранешни фудбалери, сега распрскани низ Европа и Светот. Популарните „старци“ и во оваа прилика покажаа дел од своите фудбалски вештини, финти и дриблинзи, а голманите парадираа како „младичи“. Чудно е што и овој натпревар заврши без победник, 3 : 3, иако и едните и другите имаа по многу шанси за голови и победа. По натпреварот сите заедно седнаа на дружење и коментари околу тоа што се случуваше на теренот, како и на…

Прочитај повеќе
СПОРТ 

Турнирот во Зрновци ја враќа вербата во луѓето

Синоќешното финале на Илинденскиот урнир во Зрновци, помеѓу екипите на „Европа 92“ и „Фабијан“, донесе тврд и неизвесен натпревар, кој во регуларниот дел заврши со резултат 1:1. Победникот беше одлучен по изведувањето на пенали, каде попрецизни беа фудбалерите на „Фабиан“ кои го освоија победничкиот пехар на турнирот. Меѓутоа, покрај спортскиот дух на учесниците, турнирот го одбележа извонредниот хуманитарен гест на освојувачите на наградите, кои паричниот дел го донираа за малиот Јаков. Победникот 15.000 денари, второпласираната екипа 10.000 денари и третопласираната 5.000 денари. Плус 15.000 денари, колку што е наградата за…

Прочитај повеќе
СПОРТ 

ФК „Осогово“ ги започна подготовките

Со мало задоцнување во споредба со другите второлигашки екипи, Осогово денеска ја изврши првата прозивка на ангажираните фудбалери за новото првенство и го одржа првиот тренинг. Стручниот штаб предводен од Александар Андонов истакна дека засега може да смета на 18 фудбалери, кои му пристапија на клубот, меѓутоа се разговара и преговара со повеќе потенцијални засилувања. -Разговаравме со сите фудбалери кои потекнуваат од школата на Осогово, или играле за нашиот клуб и ќе настојуваме да ангажираме што е можно повеќе поквалитетни играчи. Иако предвидувањата се дека претстојното првенство ќе биде полесно…

Прочитај повеќе
СПОРТ 

Кој има прволигашки сон – лесно може да го оствари

Од Втората фудбалска лига Исток, летово два клува се изборија за прволигашки статус. ФК „Брегалница“ од Штип, и ФК „Тиквеш“ од Кавадарци. А по само една сезона во најелитната лига во државата, меѓу второлигашите се врати ФК „Беласица“ од Струмица. Таквиот расплет уште повеќе ќе ја намали конкуренцијата на Истокот во борбата за највисок пласман, имајќи ги во предвид досегашните капацитети на кчубовите кои ја сочинуваат Втората лига Исток Ако се изземе Беласица, која доколку ги задржи поголем дел од фудбалерите, и со прволигашкото искуство, би била доминантна во оваа…

Прочитај повеќе
СПОРТ 

Крсте Крстев ќе ја враќа ФК „Плачковица“ во втората лига

ОТКАКО НА ПОЛУСЕЗОНАТА ЈА ПРЕЗЕДЕ РЕЧИСИ ИСПАДНАТАТА ОД ЛИГАТА ПЛАЧКОВИЦА, ТРЕНЕРОТ КРСТЕ КРСТЕВ СИ ПОСТАВИ ЗА ЦЕЛ ЕКСПРЕСНО ДА ЈА ВРАТИ ВО ВТОРОЛИГАШКОТО ДРУШТВО. ДЕНОВИВЕ СЕ РАБОТИ НА АНГАЖИРАЊЕ НОВИ ЗАСИЛУВАЊА, А ПОДГОТОВКИТЕ ПОЧНУВААТ ЗА ЕДЕН МЕСЕЦ Најдобриот тренер од Кочани во последните една-две децении, Крсте Крстев и во новото првенство ќе остане на чело на ФК Плачковица од Радовиш. Неговиот договор со клубот е на 27 месеци, а бидејќи уште при потпишувањето на истиот се знаеше дека Плачковица ќе испадне од Втората лига Исток и во новата фудбалска сезона…

Прочитај повеќе
СПОРТ 

Слаб интерес за Петровденскиот турнир во мал фудбал

ДАЛИ ЌЕ СЕ ОДИГРА И СПОРЕД КОЈ СИСТЕМ, ПЕТРОВДЕНСКИОТ ТУРНИР ВО МАЛ ФУДБАЛ, ВЕРОЈАТНО ЗАВИСИ ОД БРОЈОТ НА ПРИЈАВЕНИ ЕКИПИ. ВО ПРЕДВИДЕНИОТ РОК ПРИЈАВЕНИ САМО ПЕТ ЕКИПИ, ЌЕ СЕ ПРИЈАВАТ ЛИ УШТЕ ВО ДОПОЛНИТЕЛНИОТ? НАГРАДАТА ЗА ПОБЕДНИКОТ – 60.000 ДЕНАРИ. Петровденски турнир во мал фудбал годинава се соочува со мошне слаб интерес од страна на спортистите рекреативци, поради што е доведено во прашање неговото одржување. Според неофицијални податоци, до сега се пријавени само пет екипи, па организаторот одлучи да го продолжи рокот на 10-ти јуни. Меѓутоа, прашање е дали и…

Прочитај повеќе
СПОРТ 

Продолжен рокот за пријавување на екипите во Петровденскииот турнир во мал фудбал – наградата за шампионот е 60 илјади денари

Со цел да добијат време за да ги формираат составите, по барање на екипи редовни учесници на традиционалниот Петровденски турнир во мал фудбал, рокот на пријавување се продолжува до четврток, 10 јуни. За учество на овој турнир, екипите се должни при пријавувањето да уплатат котизација од 2 000 денари на жиро- сметкатана ОФС – КОчани, 210041087870107 – ОФС Кочани, да достават име на екипата и  список од десет играчи со наполнети 16 години. Пријавите може да се подигнат од Едношалтерската канцеларија на Општина Кочаниили од официјалната веб-страница на Општина Кочани  www.kocani.gov.mk.…

Прочитај повеќе