СПОРТ 

Во сабота прв меморијален шаховски турнир „Тодор Милосиев – Тошо“

В сабота, 30.04.2022 година, со почеток во 11:00 часот, ќе се одржи Меморијален шаховски турнир „Тодор Милосиев – Тошо“, во организација на ШК „Кочани“. Милосиев беше долгогодишен активен шахист и претседател на шаховскиот клуб од Кочани, оставајки траги на ова поле во нашата општина. Пријавувањето за сите заинтересирани на шаховскиот турнир е во тек.

Прочитај повеќе
СПОРТ 

Станува густо и за третиот патник

НЕОЧЕКУВАНИ РЕЗУЛТАТИ ГО КАРАКТЕРИЗИРААТ 23-ТО КОЛО ВО ВТОРАТА ФУДБАЛСКА ЛИГА ИСТОК, НО ПОМЕЃУ ЕКИПИТЕ КОИ СЕ БОРАТ ЗА ОПСТАНОК, БИДЕЈЌИ ВОДЕЧКИТЕ ПРОКНИЖИЈА СИГУРНИ ПОБЕДИ. ОСОГОВО СО МИНИМАЛЕН НО ЗАГРИЖУВАЧКИ ПОРАЗ. РАДОВИШАНИ ГИ ШОКИРАА ПЕХЧЕВЦИ. 23-то го донесе најнеповолниот епилог за екипата на Осогово, кое по ова коло е во уште потешка ситуација околу обезбедувањето на второлигашкиот статус. Ако минималниот пораз со 2:1 од Победа во Прилеп може да се прифати и како очекуван, победата на Детонит во Пехчево сигурно е ретка сензација, која додатно ја комплицира ситуацијата околу борбата за…

Прочитај повеќе
СПОРТ 

Баскет Дино обезбеди полуфинале

По заслужено издвојуваната гостинска победа денес во Дебар против екипата на Дибра Иглс со резултат 86:74, кошаркарите на Баскет Дино Деликатес уште еднаш само го потврдија својот квалитет и докажаа дека местото им е во полуфиналето од третата кошаркарска лига мажи. Во победата на кочанчани, повторно како први стрелци се издвоија Лазарев со постигнати 22 поени и Филипов кој додаде 18 поени. Полуфиналето исто така ќе се игра на два добиени натпревари односно кој тим прв ќе стигне до две победи, а противник на кочанската екипа ќе и биде скопски…

Прочитај повеќе
СПОРТ 

Баскет Дино на чекор до полуфиналето

Пред преполна сала, домашната екипа на Баскет Дино Деликатес и покажа на екипата на Дибра Иглс од Дебар дека сепак станува збор за разлика во класа, и дека малку што има да бара во овој четвртфинален дуел од кошаркарската трета лига мажи. Домашната публика имаше шанса да ужива во прецизните милиметарски асистенции преку цел терен на Филипов во стилот на срспкиот ас Теодосиќ, и во прецизните шутеви за три поени на Дино Лазарев, кој уште еднаш покажа и докажа дека тројките му се трејдмарк кој го има наследено од неговиот…

Прочитај повеќе
СПОРТ 

Осогово“ не издржа во Каменица

Во Македонска Каменица „Каменица Саса“ го совлада „Осогово“ со 2:0, дури во финишот на натпреварот, со што останува во трка за првата позиција на табелата. Домаќините имаа теренската иницијатива но јалова, бидејќи „жолто-сините“ успешно се бранеа. Резултатот беше откриен во 81 минута а потврден со втор гол во 87 минута. Во Виница „Слога 1934“ успеа да го победи „Детонит“, со 2:1 и да остане на челната позиција со бод предност пред конкурентите Победа и Беласицас. Еве ги резултатите од 21 коло: „Каменица Саса“ – „Осогово“  2:0, „Слога 1934“ – „Детонит јуниор“ …

Прочитај повеќе
СПОРТ 

„Осогово“ во Каменица, „Слога 1934“ дома

ШТО ЌЕ ДОНЕСЕ 21-ТО КОЛО ВО ВТОРАТА ЛИГА ИСТОК, КОЕ СЕ ИГРА В САБОТА, Е ПРАШАЊЕТО КОЕ СИ ГО ПОСТАВУВААТ ЉУБИТЕЛИТЕ НА ФУДБАЛСКАТА ИГРА, БИДЕЈЌИ СЕ ИГРААТ НАТПРЕВАРИ КОИ ОДЛУЧУВААТ ЗА ВРВОТ И ЗА ДНОТО НА ТАБЕЛАТА. ОСОГОВО ИМА ТЕШКО ГОСТУВАЊЕ ВО МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА, А СЛОГА 1934 ГО ПРЕЧЕКУВА ДЕТОНИТ. В сабота се играат натпреварите од Втората лига исток, во рамки на 21 коло. Осогово гостува во Македонска Каменица, каде го пречекува четвртата екипа на табелата Каменица Саса, која пролетва игра промензливо и не така сигурно како есеноста. Поразот од…

Прочитај повеќе
СПОРТ 

Апсурд: никој нејќе во прва лига

АКО ЕКИПИТЕ ОД ДНОТО НА ТАБЕЛАТА ИМААТ ПРОБЛЕМ СО ОПСТАНОКОТ, ТИЕ ОД ВРВОТ ИМААТ УШТЕ ПОГОЛЕМ КАКО ДА СЕ СПАСАТ ОД ПРВАТА ЛИГА, ИЛИ ЗОШТО НА ИСТОКОТ НИ ЕДНА ЕКИПА НЕ САКА ВО НАЈЕЛИТНОТО ФУДБАЛСКО НАТПРЕВАРУВАЊЕ ВО ДРЖАВАТА. ЌЕ ГО ПОДОБРИ ЛИ КВАЛИТЕТОТ ЕДИНСТВЕНАТА ВТОРА ЛИГА, КОЈА ЗНАЧИТЕЛНО ЌЕ ИМ ГИ ЗГОЛЕМИ ТРОШОЦИТЕ НА КЛУБОВИТЕ, ВО СИТУАЦИЈА КОГА И СЕГА ОДВАЈ ОПСТАНУВААТ. Откако португалците го спуштија на земја нашиот репрезентативен фудбал, интересот на спортската јавност повторно се сврте кон домашните првенства и како тие функционираат. Во втората фудбалска лига Исток…

Прочитај повеќе
СПОРТ 

Атрактивна планинарска обука на Пониква

Денеска на Пониква се одржа дводневна „Зимска планинарска школа“, во организација на Планинарскиот спортски клуб „Осогово“, а во соработка со Федерацијата за планинарство на Македонија и неколку планинарски клубови од државата. Обуката и показните вежби се одржаа вчера и денеска  на ски-патеката број 3, близу манастирот „Св. Василиј“, со учество на поголем број љубители на планинарањето. -Претставници на планинарската федерација на Македонија истакнаа дека целта на обуката е обновување и стекнување на знаења за безбедни зимски искачувања на планина. Пониква е исклучително убав дел од Осоговските планини и тука е…

Прочитај повеќе
СПОРТ 

На „Пониква“ ќе се обучуваат 60 планинари

На 13 март на Пониква, ќе се одржи „Зимската планинарска школа“, која ја организира Планинарскиот спортски клуб „Осогово“, во соработка со Федерацијата за планинарство на Македонија и планинарски клубови од државата. Предавањето и показните вежби ќе се одржат на ски-патеката број 3, близу манастирот „Св. Василиј“ а ќе учествуваат над 60 љубители на планинарањето. Вештините на планинарењето на идните планинари ќе им ги презентираат искусни водичи, предавачи и планинари. Од ПСК Осогово велат дека целта на обуката е обновување и стекнување на знаења за безбедни зимски искачувања на планина. Во…

Прочитај повеќе
СПОРТ 

„Драганица купот“ за ФК „Осогово“

Ниту студено време со речиси леден дожд не ги спречи младите фудбалери на Осогово, Детонит, Слога 1934 и Каменица Саса, да учествуваат на 16-иот традиционалниот меморијален турнир „Драганица Куп“, кој се одигра на Стадионот „Никола Мантов“. Четирите натпревари помеѓу овие противници донесоа квалитетен и ефикасен фудбал, што е најава дека доаѓаат нови фудбалски таленти во источниот дел на државата. Во првиот натпревар домаќинот „Осогово“ ја совлада виничка „Слога 1934“ со 3:0, а во вториот „Детонит“ им ја наполни мрежата на „Каменица Саса„ со високи 5:0. Во борбата за трето место…

Прочитај повеќе