СПОРТ 

Иднината на „Осогово“ ги почна подготовките

Над осумдесетина млади фудбалери распоредени во четири категории на ГФК „Осогово“ ги започнаа подготовките за новата фудбалска сезона. Беше вистинско задоволство да се види бројната и надежна младост на жолто-сините, која го исполни зелениот терен, работејќи вредно од самиот почеток. Задоволството не го криеше ниту координаторот на четирите селекции, Тоде Митев. -Работа со млади категории, која за 5-6 години ќе даде резултат. Јас така го разбирам фудбалот, бидејќи се друго и привремено и можеби лажно. Не сакам никој да навредам, ама Осогово во изминатите години сам си ја сечеше гранката…

Прочитај повеќе
СПОРТ 

Минимални средства за максимани успеси

НА 17-ТИТЕ ПО РЕД ГОДИШНИ СОБРАНИЈА НА ЖФК „КОЧАНИ“ И ФК „КОЧАНИ“, ЧЛЕНОВИТЕ ГИ УСВОИЈА ИЗВЕШТАИТЕ И ПРОГРАМАТА ЗА РАБОТА, ОЦЕНУВАЈЌИ ЈА МИНАТАТА НАТПРЕВАРУВАЧКА СЕЗОНА КАКО МОШНЕ УСПЕШНА. ЖЕНСКАТА ЕКИПА СЕ ВРАЌА МЕЃУ ПРВОЛИГАШИТЕ, А МЛАДИТЕ КАТЕГОРИИ СЕ ДОДАТНО МОТИВИРАНИ ПО УСПЕХОТ НА ЈОРДАН МАНЕВ, КОЈ СТИГНА ДО ТУРСКАТА ПРВА ЛИГА. АНГАЖИРАНИ ЗАСИЛУВАЊА КАЈ ДЕВОЈКИТЕ, ОБЕЗБЕДЕНИ ВИСИНСКИ ПОДГОТОВКИ И СЕ НАЈАВУВААТ АМБИЦИОЗНИ ДОСТИГНУВАЊА. Со скромни средства остварени резултати за респек на двата клуба, ЖФК „Кочани“ и ФК „Кочани“, е сублиматот од годишните собранија кои се одржаа на 30 јули, годинава.…

Прочитај повеќе
СПОРТ 

ЖФК и ФК „Кочани“ со годишни собранија

Согласно статутот на здруженијата на граѓани Женски фудбалски клуб  КОЧАНИ, Фудбалски клуб „Кочани“, на 30. Јули  2022 г. (сабота) со почеток  во 19.00 часот, ќе се одржат годишните собранија, со идентичен дневен ред: Извештаите  за работа во изминатата натпреварувачка 2021/2022 година на ЖФК КОЧАНИ и на ФК „Кочани“. Финансиски извештај за работењето на двата клуба, и Разгледување на програма за работа за идната натпреварувачка 2022/2023 година. По повод враќањето на ЖФК „Кочани“ во Првата фудбалска лига за жени, и во знак на 16 години женски фудбал во Кочани, како и…

Прочитај повеќе
СПОРТ 

ФК „Слога 1934“ кај експрволигашот „Борец 1919“

Едно од најпријатните изненадувања во сега веќе екс-втората лига Исток, „Слога 1934“ од Виница, на стартот на единствената Втора лига на Македонија, ќе игра против „Борец“ во Велес. „Каменица Саса пак на свој терен ја пречекува „Беса 1976“. Еве ги паровите за првото коло од Втора МФЛ 2022/2023 – Есенски дел На 13 август 2022 во 17.00 часот ќе играат: Борец 1919 – Слпга 1934, Кожуф – ПелистерАресими 1973 – ВардарОхрид Лихнидос – Тетекс 1953Детонит Плачковица – БеласицаКараорман 2017 – Воска СпортПехчево – ГостиварКаменица Саса – Беса 1976 Македонскиот фудбалски…

Прочитај повеќе
СПОРТ 

„Осогово“ ги започна подготовките

Новиот шеф на стручниот штаб, Тимо Аксентиев, заедно со тренерот на голманите, Јоже Јованов, денеска ја извршија прозивката на фудбалерите со кои практично стартуваат подготовките за претстојната фудбалска сезона. На првиот тренинг присуствуваа безмалку дваесетина фудбалери, главно од помладите селекции на сопствената школа, предводени од неколку искусни и докажани фудбалски имиња на жолто сините.   -За почеток располагаме со дваесетина фудбалери кои поседуваат квалитет и можат да одговорат на обврските во третолигашката конкуренција, истакна тренерот Тимо Аксентиев. Младите поседуваат талент и квалитет и очекувам брзо да напредуваат. Стратегот на жолто-сините…

Прочитај повеќе
СПОРТ 

Реализирана петтата планинска велосипедска тура од Пониква до Царев Врв – „Осоговска авантура“

Повеќе од сто велосипедисти од различни краеви на Македонија учествуваа на петтата планинска велосипедска тура „Осоговска авантура“, што се одржа на падините на Осоговските Планини во организација на велосипедската група МТБ „Исток“, реализирана со техничка поддршка од Спорт клубот „Електрика“ од Кочани. Велосипедистите поминаа 36 километри на релацијата Пониква – Царев Врв – Пониква,  искачувајќи се на висина од 2085 м, со висинска разлика од близу илјада метри. Настанот „Осоговска авантура“ придонесува за промоција на планинскиот велосипедизам на Осоговските Планини.     Велосипедската тура „Осоговска авантура“ се реализира со финансиска поддршка од…

Прочитај повеќе
СПОРТ 

Прогласени победниците на Петровденскиот турнир во мал фудбал

Синоќа беше одржано финалето на 20. издание на Петровденскиот турнир во мал фудбал. Најпрвин се одигра меч за третото место кое му припадна на „Пролет“. Победници на овогодинешниот Перовденски турнир е екипата на „Ауто велт“, а второто место го понесе екипата на „Џинџер“. Паричната награда за првонаградените изнесуваше 60 илјади денари, за второто место 30 илјади денари, а за трето 15 илјади денари. На доделувањето на наградите, беа прогласени и најдобриот стрелец – Тоше Манов, играч – Иван Стојчев и голман – Јоже Јованов. На тројцата им беа доделени ваучери…

Прочитај повеќе
СПОРТ 

Од „Осогово“, преку „Брегалница“ до „Адана Спор“

ИАКО ФИНАНСИСКИТЕ ДЕТАЛИ НЕ СЕ ПОНАТИ, ЕКСОСОГОВЕЦОТ ЈОВАН МАНЕВ, КАКО ФУДБАЛЕР НА „БРЕГАЛНИЦА“ НАПРАВИ ТРАНСФЕР ОД СОНИШТАТА, ПОТПИШУВАЈЌИ ЗА ТУРСКИОТ ПРВОЛИГАШ „АДАНА ДЕМИСПОР“, КАДЕ ЌЕ ГО ТРЕНИРА ВИНЧЕНЦО МОНТЕЛА, А ЌЕ СИ ДОДАВА ТОПКИ СО УЛТРАПОПУЛАРНИОТ БАЛОТЕЛИ. ЗА КОЛКУ ВРЕДЕН ДОГОВОР И КАКВА ПЛАТА МАНЕВ ЌЕ ГИ ВООДУШЕВУВА ТУРСКИТЕ ЉУБИТЕЛИ НА ФУДБАЛОТ ЗАСЕГА НЕ СЕ СООПШТУВА, НО СЕ ШПЕКУЛИРА ДЕКА „БРЕГАЛНИЦА“ ЌЕ ДОБИЕ ПОЛА МИЛИОН ЕВРА. Фудбалерот кој своите први чекори на зелениот терен ги направи на градскиот стадион во Кочани, во редовите на „Осогово“ деновиве потпиша трансфер од соништата,…

Прочитај повеќе
СПОРТ 

Кочанчани најдобри во 3х3 баскет турнирот во Штип

Во неделата во Штип со почеток од 19 часот се одигра турнир во баскет во центарот на градот. Во прекрасна атмосфера, беспрекорна организација и пред преполни трибини, учество на турнирот зедоа вкупно 16 екипи насекаде од државата (4 скопски екипи, по една од Струмица, Гевгелија, Велес, Кочани и неколку домашни екипи). Наш претставник беше екипата “Дружината на Вацко” во состав Димитар Филипов, Иван Серафимов, Филип Илијев и Вангелчо Митевски.Баскет турнирот се играше според официјалните 3х3 фиба правила, истовремено на два кошаркарски терени (поделени по осум екипи на терен),  од старт…

Прочитај повеќе
СПОРТ 

Во тек е рокот за пријавување на Илинденските спортски игри

Општина Чешиново Облешево оваа година ги организира 50. Јубилејни Илинденски спортски игри. По тој повод ги покануваме сите заинтерирани екипи да го пријават своето учество. Рокот за пријавување е продолжен до 25.06.2022год. Екипите може да се пријават на тел. 078/844-207 Влатко,  070/382-197 Митко.  Наградниот фонд за овогодинешниот победник ќе изнесува 80 000 денари и 40 000 денари за второ пласираната екипа. Општина Чешиново – Облешево

Прочитај повеќе