ПОЛИТИКА 

Приговори за нова изборна војна ?

Таман граѓаните помислија дека изборите, како во целата држава, така и во Кочани, завршија вечерта на 31 октомври, два дена подоцна  нивната воља, или на актерите, повторно е оспорена, бидејќи денеска се поднесени три приговори до ДИК, чиј именител е повторување на гласањето во три избирачки места. Мотивацијата и математиката се јасни, разликата од само 16 гласа отвора можност дека границата од победата до поразот е тенка и лесно променлива. Дури и ако се повтори гласањето на само едно избирачко место. Дали има недемократско во целата постапка. Ако партиските набљудувачи…

Прочитај повеќе
ПОЛИТИКА 

СДСМ не се предава, бара прегласување на три избирачки места

Три приговори за три избирачки места во предвидениот рок до Државната изборна комисија поднесе СДСМ со коалицијата „Најдоброто за мојата општина“, со што ја оспори победата на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Љупчо Папазов. Приговорите се однесуваат на постапката за гласање и постапката за сумирање и утврдување на резултатите за три избирачки места во општина Кочани. На избирачкото место 835, во Детската градинка „Павлина Велјанова“ на улица „Скопска“, граѓанин неодговорно кажал за кој го дал својот глас. На избирачките места во селото Долни Подлог, со број 865, и во селото Тркање, со…

Прочитај повеќе