ОПШТИНА КОЧАНИ 

Ќе им го подобри ли животот на граѓаните гранитниот плочник од над 500.000 евра ?

Започнатиот проект за реконструкција и уредување на градскиот парк, кој се наоѓа во еден вид преодна фаза поради трансферот на локалната власт, сеуште предизвикува дилеми во кочанската јавност од неколку аспекти. Од една страна е сериозно високата цена на целиот проект, која неофицијално би можела да се движи околу 800.000 евра, што го наметнува прашањето дали на Кочани, во услови на сеопшта криза, му е неопходна таква скапа и непродуктивна инвестиција. Притоа, само договорот со фирмата за гранитните плочки е тежок над 500.000 евра. Вториот момент е определбата за гранитни…

Прочитај повеќе
РЕГИОН 

Општина Чешиново-Облешево со долгови од 34 милиони денари

При денешното конституирање на Советот на Општина Чешиново-Облешево, новиот градоначалник Далибор Ангелов се пожали дека наследил сериозно лоша финансиска состојба и долгови кои негативно ќе се одразат врз функционирањето на општината на почетокот од новиот мандатен период. Вкупниот финансиски минус по повеќе основи, според првичните анализи, надминува 34. милиони денари, што е голем износ за мала општина како чешиново-облешевската. Притоа, општинската каса се соочува со проблемот со блокирање на сметката по основ на утужени обврски. Како што стојат работите, ќе бидат неопходни детални анализи на обврските и правење стратегија за…

Прочитај повеќе
СПОРТ 

Виничкиот второлигаш во шампионска форма

НИТУ НАЈГОЛЕМИТЕ ФУДБАЛСКИ ОПТИМИСТИ ВО ВИНИЦА НЕ НИ СОНУВАА ДЕКА НИВНИОТ МИЛЕНИК ЕСЕНВА ЌЕ ГАЗИ СЕ ПРЕД СЕБЕ И ПО 10 КОЛА ЌЕ БИДЕ ЛИДЕР НА ТАБЕЛАТА СО ДВА БОДА ПРЕДНОСТ ПРЕД КОНКУРЕНТИТЕ. ПОКРАЈ ТИМОТ И ТАКТИЧКИТЕ ИТРИНИ НА ТРЕНЕРИТЕ, ДЕЈАН МИТРОВ ГАТУЗО СИГУРНО Е ПОЕДИНЕЦОТ ШТО ЈА ПРАВИ РАЗЛИКАТА И ГО ВИВНА КЛУБОТ ВО ВТОРОЛИГАШКАТА ЕЛИТА НА ИСТОКОТ Со освоени 25, од можни 30 бода во првите 10 кола, и водство од два бода на Второлигашката табела, Слога 1934 од Виница е хит на првенството, кој практично ги изненади…

Прочитај повеќе