СПОРТ 

„Осогово“ зависи од „Плачковица“, „Слога 1934“ го сака 4-то место

ОТКАКО ОСОГОВО СЕ ДОВЕДЕ ВО СИТУАЦИЈА ДА ГО РЕШАВА ПЛАСМАНОТ НА ТАБЕЛАТА ВО ПОСЛЕДНОТО КОЛО, ФУДБАЛСКАТА ЈАВНОСТ СО ПОСЕБЕН ИНТЕРЕС ГО ОЧЕКУВА ДУЕЛОТ ПРОТИВ ПЛАЧКОВИЦА, КОЈ Е ОДЛУЧУВАЧКИ ДАЛИ ЌЕ БИДАТ ШЕСТИ ИЛИ СЕДМИ НА КРАЈОТ НА ПРВЕНСТВОТО. „СЛОГА 1934“ ГО ПОСАКУВА ЧЕТВРТОТО МЕСТО, ШТО БИ БИЛО ОСТВАРУВАЊЕ НАД ОЧЕКУВАЊАТА. Што ќе донесе дуелот помеѓу Плачковица и Осогово во Радовиш, е прашање кое си го поставува фудбалската јавност, пред се во Кочани и Прилеп, а веројатно и пошироко. Радовишани, предводени од кочанскиот тренер Крсте Крстев, веројатно имаат причини да одиграат…

Прочитај повеќе
СПОРТ 

ФК „Слога 1934“ – ГФК „Осогово“ 4:1

Во комшиското дерби помеѓу „Слога 1934“ и „Осогово“, убедлива победа остварија виничани, совладувајќи ги кочанчани со убедливи 4:1, полувреме 2:1. А почетокот на натпреварот не најавуваше наков разултатски расплет на денешното дерби, бидејќи гостите преку Паунов рано, во 6 минута, дојдоа до водство од 1:0. По примениот гол, фудбалерите на Слога извршија силен притисок пред голот на младиот Андов, кој в о неколку наврати одлично интервенираше пред противничките напаѓачи. Но на израмнувањето не се чекаше долго, бидејќи искусниот Митров, во соло акција изнуди удар од 11 метри, кој сам го…

Прочитај повеќе
СПОРТ 

Дербито ФК „Слога 1934“-ГФК „Осогово“ – в петок

В ПЕТОК, НАМЕСТО ВО САБОТА ВТОРОЛИГАШИТЕ НА ИСТОКОТ ЌЕ ГО ОДИГРААТ 25-ТО КОЛО, ВО КОЕ МОЖЕБИ НАЈИНТЕРЕСНО Е КОМШИСКОТО ДЕРБИ ПОМЕЃУ СЛОГА 1934 И ОСОГОВО. ДВЕТЕ ЕКИПИ СЕ СИГУРНИ НА СРЕДИНАТА НА ТАБЕЛАТА, АМА ПРЕДИЗВИКОТ Е КОЈА ЌЕ БИДЕ ПОДОРО ПЛАСИРАНА НА КРАЈОТ ОД ПРВЕНСТВОТО. Натпреварите од 25-то коло на Втората фудбалска лига Исток наместо во сабота, на 1. Мај, ќе се играат в петок, на 30 април, со почеток во 13 часот. Поместувањето на терминот е поради првомајските празници и поврзувањето на неработните денови.Распоредот на третиот круг од тековното…

Прочитај повеќе
СПОРТ 

Спортската стипендија од Општина Кочани – за каратистката Мартина Шахинова

Мартина Шахинова, репрезентативка, член на Карате клубот „Партизан“ од Кочани ја доби стипендијата за спортист-спортска надеж што ја доделува Општина Кочани за спортски резултати постигнати во претходната година.Пријавата на Шахинова беше единствена на конкурсот што го распиша Општина Кочани, за што најголемо влијание имаше здравствената криза која предизвика застој во редовните спортски активности и натпреварувања.Мартина Шахинова во 2020 година, во периодот пред почетокот на пандемијата, учествуваше на Европското првенство во Будимпешта, освои второ место на меѓународен натпревар во Србија, го доби Националното спортско признание – спортска надеж, беше прогласена за…

Прочитај повеќе
СПОРТ 

Кој (треба да) се грижи за спортот во Кочани?

ВО МНОГУ ПОСИРОМАШНИ ГОДИНИ СПОРТОТ И СПОРТИСТИТЕ БЕА ВО ЦЕНТАРОТ НА ЗБИДНУВАЊАТА ВО ОПШТИНАТА. СЕГА ВО ВРЕМЕ НА ПРОЕКТИ И БИЗНИС БОГАТАШИ, КЛУБОВИТЕ ЗГАСНУВААТ КАКО ДА ГИ ЗАФАТИЛА НЕИЗЛЕЧИВА ЕПИДЕМИЈА, ШТО НЕ Е ПОСЛЕДИЦА САМО НА КОВИД КРИЗАТА. НАВИСТИНА, КОЈ И КОЛКУ СЕ ГРИЖИ ЗА СПОРТОТ ВО КОЧАНИ? Што се случува со спортот во Кочани? Дали наместо спортски клубови, многу брзо ќе остане само стратегијата за спорт, како документ од кој до практична реализација треба да се помине долг пат. Деновиве објавените фотографии од салата на БК „Спартак“ оставаат морничав…

Прочитај повеќе
СПОРТ 

Пониква угости осумдесетина велеслаломисти

На „шарената“ патеката бр. 3, поради недоволно снег, на Пониква денеска се одржа „Осоговскиот велесламом 2021“. Во организација на Општина Кочани и на Скијачката Федерација на Македонија, се натпреваруваа 82 скијачки од Кочани, Скопје, Битола, Штип, Виница и други градови. И покрај сончевото време и високите температури изминатава седмица, патеката ги задоволуваше критериумите за скијачкиот настан. Во петте категории во машка и во женска конкуренција најуспешни беа: Нина Манасиева и Мартин Паниевски во категоријата цицибани; Ана Костова и Кирил Глигоров во категоријата  деца; Сара Димитровска и Дарко Ставрев во категоријата…

Прочитај повеќе
СПОРТ 

Различно гледање на работите ги разделија ФК „Слога“ и Крсте Крстев !?

Сеуште нема, а веројатно и воопшто ќе нема официјално соопштение од ФК „Слога 1934“ за прекинатата соработка со шефот на стручниот штаб Крсте Крстев, односно за причините за неотповикливата оставка на кочанскиот фудбалски стручњак. Ако се знае дека финансиите не се проблем во овој спортски колектив, тогаш останува логичната претпоставка дека се работи за некакво несогласување. Одејќи по таа логика, Актуелности дознава дека во прашање е токму недоразбирање на релација Крстев-Управа на клубот, околу политиката на изборот на фудбалери и одлучувањето кој треба да игра, а кој не. Крстев, наводно…

Прочитај повеќе
СПОРТ 

„ОСОГОВО“ ДОБИ 1.700.000, „СЛОГА“ – 700.000, ЖФК „КОЧАНИ“ – 500.000 ДЕНАРИ

Агенцијата за млади и спорт ја објави целосната листа на клубови кои добиваат финансиските ваучери кои значително ќе им помогнат во нивното понатамошно функционирање. Меѓу клубовите од регионот кои најмногу се офајдија од парите од Агенцијата за млади и спорт е  ГФК Осогово кој доби 1.700.000 денари. На сметката на второлигашот ФК „Слога 1934“ ќе легнат 700.000 денари, или два ипол пати помалку од кочанскиот второлигаш.Значајна сума на средства доби и ЖФК „Кочани“ на кого АМС му додели 500.000 денари.Со овие износи се очекува значително да се подобри финансиското работење…

Прочитај повеќе
СПОРТ 

Второлигашот „Слога 1934“ со прва овогодишна победа

Во главно изедначен натпревар, во кој шефовите на стручните штабови на двете екипи ја проверуваа подготвеноста на секој фудбалер за пролетната полусезона, Слога 1934 и Каменица Саса одиграа интересен дуел, во кој поснаодливи беа виничани, кои на крајот славеа со 1:0. Иако се играше по сончево но студено време и лизгав терен фудбалерите на двете екипи прикажаа пожртвувана игра со желба да се победи противникот иако резултатот не беше во преден план. Според реакциите на Крстев и Здравков за време на натпреварот, тие се задоволни од физичката подготвеност на секој…

Прочитај повеќе
СПОРТ 

„Слога 1934“ со минимален пораз од „Дрита“ во Тетово

Во рамки на подготовките за пролетниот дел од првенството во Втората фудбалска лига Исток, екипата на Слога 1934 денеска го одигра првиот контролен натпревар, против „Дрита“ во Тетово. Виничани претрпеа минимален пораз од 1:0, во натпревар во кој резултатот беше во втор план. Тоа што е битно во оваа фаза од подготовките е мошне добрата физичка подготвеност на фудбалерите, кои на лошиот терен прикажаа завидна борбеност и ангажираност во сите линии. Фактот дека во игра влегоа сите расположиви фудбалери ја потврдува намерата на шефот на стручниот штаб Крсте Крстев да…

Прочитај повеќе